Страшна слика во Обреновац-спасувачките екипи наидуваат на мртви тела!

Мариќ предупреди дека и покрај натчовечките напори, невозможно е спасувачките екипи да стасаат до сите на кои им е потребна помош…На прес конференцијата во Владата на Србија началникот за вонредни ситуации Предраг Мариќ информираше дека ситуацијата во Обреновац е страшна. Без да го прецизира бројот на жртвите, рече дека при евакуација на загрозените од поплавите, почнале да наиудуваат и на мртви тела.
Досега се евакуиранини над 4000 луѓе, но помош бараат многу повеќе. Состојбата утринава станала исклучително драматична, бидејќи насипите на реката Сава се пробиени во должина од сто метри. Предупреди дека денеска се очекува голем поплавен бран. Мариќ информираше дека нивните спасувачки екипи со чамци и хеликоптери ги извлекуваат прво оние што се во куќи со еден кат, деца, жени и стари и болни, а потоа другите што чекаат на спратовите од куќите.
Мариќ  се заблагодари на сите доброволци, кои ги има во голем број, а посебно на руските спасувачки тимови, кои според него, прават натчовечки напори и апелираше да се донираат храна, вода и облека бидејќи има села до кои дошле првпат по три дена, како на пример во Крупањ, каде затекнале страотна слика. Со земја се срамнети стотици куќи.Таму луѓето буквално немаат ништо.На прес конференцијата во Владата на Србија началникот за вонредни ситуации Предраг Мариќ информираше дека ситуацијата во Обреновац

Пронајдете не на следниве мрежи: