Страшно: Му ја продупчила главата со бормашина, бидејќи сакал да ја остави!

Сабин Мариќ (30), државјанка на Брегот на Слоновата коска, осомничена е дека го убила својот сопруг Бранко Мариќ (40), во изнајмен стан на Баново брдо во Белград, а потоа се обидела да изврши самоубиство. Се претпоставува дека Сабин го усмртила сопругот бидејќи тој сакал да се разведе од неа.
„Бебиситерката пристигнала околу 08:30 часот во станот на Мариќ, за да ги чува нивните синови од две ипол и четири годишна возраст. Кога влегла, затекнала  ужасна сцена. Бранко лежел со крв на креветот во спалната соба, а неговата сопруга, од чија уста истекувало пена, била на подот во другата соба. Најстрашно е тоа што нивните синови седеле покрај телата на родителите. Не знаеме што точно виделе децата, но беа потресени. Беспомошно ги довикувале мајката и таткото обидувајќи се да ги разбудат “, вели извор за „Курир“.
Најверојатно, Сабин го убила сопругот додека спиел.

„Бранко лежел во кревет со повреди и дупка во главата. Се претпоставува дека Сабин со силни удари го онесвестила додека спиел, а притоа му ја издупчила главата со бормашина. Кога видела што направила, таа испила огромна количина таблети. Имала и рана од нож во стомакот“, вели соговорникот за „Курир“.
Потоа, Сабин во несвесна состојба е пренесена во болница.
„Бранко наводно, сакал да ја остави Сабин поради друга жена од Уганда, која ја запознал додека бил во мировна мисија. Сабин не можела да се помири со фактот дека ќе остане сама со децата па одлучила да направи ваков брутален чин. Инаку, Бранко претходно бил во брак со Србинка, со која има ќерка, а после се венчал со Сабин“, додава изворот за „Курир“.
Најверојанто станува збор за семејна трагедија, но поради тоа што Сабин и Бранко имале доста чудни повреди, не се исклучува можноста дека во ова злосторство можеби е вклучено и трето лице.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
 Сабин Мариќ (30), државјанка на Брегот на Слоновата коска, осомничена е дека го убила својот сопруг Бранко Мариќ (40), во изнајмен стан на Ба

Пронајдете не на следниве мрежи: