СТРАШНО: Ова се најзлобните експерименти врз луѓе!

Злото не плаши. Веројатно нашите најдобри хорор приказни, оние од кои имаме кошмари, се за луѓе кои прават лоши работи, особено злобни експерименти. Во модерната кинематографија, во филмовите како The Human Centripede се прикажани ужасни сцени кои ја продолжуваат традицијата. Сепак, тие се само измислени. Вистината е дека само треба да се погледне во неодамнешната човечка историја, за да го видиме вистинското, одвратно зло. Уште полошо е што тоа зло е извршено од страна на доктори. Ова се 6-те најзлобни експерименти, извршени врз човечки суштества – од кои најчество жртви биле жени, затвореници, деца и хомосексуалци.
1.Експериментите во Таскиг
Во тоа време, третманите за сифилис беа претежно тоскични и неефективни. Финансирани од владата, лекарите одлучија да спроведат експерименти врз луѓе, за да го пронајдат лекот за болеста. Така во 1932 година, во Таскиг, Алабама, почнаа експериментите врз 399 пациенти, заболени од сифилис, повеќето од нив сиромашни, со црна боја на кожа и неписмени. До крајот на истражувањето, во 1972 година, само 74 од експериментираните останале живи. 28 лица директно починале од болеста, 100 починале од компликации поврзани со сифилис, а 19 деца се родиле со вроден сифилис.
2.Проектот Aversion
Во времето на апартхејдот во Јужна Африка, хомосексуалците беа изложени на голема удар и беа пратени во воена болница во близина на Преторија, на местото наречена Ward 22. Во периодот меѓу 1971 и 1989 година, на голем број жртви беше спроведена хемиска кастрација и електричен шок третман, со цел да ги излечат од нивната хомосексуална состојба. Хомосексуалците на возраст од 16-24 години, кои доброволно не се приклучија на војската, беа принудени на операција за промена на полот.
3.Експериментите со робови
Човекот што се смета за татко на модерната гинекологија, Џ. Мерион Симс, спроведе бројни експерименти врз жени робови меѓу 1845 и 1849 година,
Бидејќи Симс чувствуваше дека „операцијата не е доволно болна за да ги оправда проблемите“, операциите ги извршуваше без анестезија.  Жените неможеа да кажат не, а некои од нив беа изложени и дури до 30 операции.

4. „Комората“
Советите се надеваа дека ќе развијат смртоносен отровен гас. Во лабораторијата, позната како „Комората“, непознати и затвореници без нивна согласност, беа изложени на сенф гас, рицин, дигитоксин и др видови, внесени во храната, пијалоци или дадени како лек. Тајната полиција, наводно, на крајот дојде до посакуваниот гас, наречен C-2. Според сведоците, ова предизвика вистински физички промени, а жртвите умирале во рок од 15 минути.
5. Втора светска војна: Најзлобните експерименти
Затворениците беа подложени на тетанус, стрептокока и гасна гангрена. Целта беше да се тестира ефикасноста на сулфонамид, антибактериски агенс. Еден од најпознатите луѓе во оваа област е Јозеф Менгеле, чија експериментална „експертиза“ беше спроведена на сијамски близнаци. Тој инјектира различни хемикалии во близнаците, па дури и ги спои заедно. Менгеле потоа побегна во Јужна Америка и живееше до својата смрт во Бразил, а притоа никогаш не одговараше за своите злобни експерименти.
6. Монструозното проучување
Во 1939 година, во Универзитетот во Ајова, Вендел Џонсон, патологот и неговиот омилен студент Мери Тјудор спроведоа експеримент врз 22 сирачиња. Децата беа поделени во 2 групи, едната беше изложена на терапија за течен говор, а другата доби негативна терапија, остро критикувајќи ги за недостаток во нивниот говор и пелтечење. Нормалните деца вознемирани, повлечени и тивки излегоа од експериментот. Неколкумина од нив, како возрасни, го тужеа Универзитетот во Ајова во 2007 година.
 
 Ова се 6-те најзлобни експерименти, извршени врз човечки суштества – од кои најчество жртви биле жени, затвореници, деца и хомосексуалци.

Пронајдете не на следниве мрежи: