Стравот и паниката во редовите на СДСМ се се поголеми и поочигледни како што се наближуваат изборите на 5-ти јуни.Стравот и паниката во редовите на СДСМ се се поголеми и поочигледни како што се наближуваат изборите на 5-ти јуни. Обидот за креирање на хаос и недоверба на граѓаните во избирачкиот список само ја потврдува безидејноста и деструкцијата во редовите на СДСМ. На граѓаните им е совршено јасно дека СДСМ губи само поради себе, поради немањето програма и ставањето во фокусот на нивните функционери наместо тоа да бидат граѓаните, а ова се обиди за манипулација со која сака да го покрие неуспехот на раководството. Граѓаните кои имаат валидни лични карти не се фантомски гласачи без разлика каде живеат.
Го повикуваме г-динот Велески иста ваква прес-конференција да одржи пред куќата на нивниот пратеник Горан Сугарески, доколку смета дека во неговата куќа живеат 13 фантомски гласачи, бидејќи во избирачкиот список на неговата адреса се регистрирани вкупно 15 гласачи.
Фабрикување скандали не е клучот да дојдете на власт. На власт се доаѓа со добивање доверба од граѓаните, а не со лажење на граѓаните. Разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 200.000 гласови и барајте ја во новоотворените работни места, кои во периодот од 2005 до 2015 се вкупно 204.327. Разликата барајте ја во ветените и реализирани проекти за подобрување на животот на граѓаните. Оваа разлика ќе биде уште поголема на 5-ти јуни, а тоа е единственото од што се плашите.Стравот и паниката во редовите на СДСМ се се поголеми и поочигледни како што се наближуваат изборите на 5-ти јуни. Обидот за креирање на хаос