Македонско – турска компанија ќе отвори нов капацитет во Преспа со 100 нови вработувања, рече градоначалникот Ѓоко Стрезовски на денешниот состанок.Ресен ќе обезбеди околу 120 парцели за проектот „Купи куќа за млади“, рече градоначалникот на општина Ресен, Ѓоко Стрезовски на денешниот работен состанок за овој проект, на кој присуствува и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Говорејќи за развојот на индустриските зони, Стрезовски посочи дека македонско – турска компанија ќе отвори нов капацитет во Преспа со 100 нови вработувања. Во контекст на тоа, додаде дека има заинтересирано уште една италијанска компанија која ќе овозможи 35 вработувања, како и една грчка фирма која ќе отвори 10 до 15 работни места.
– Се развиваат и индустриските зони „Преспа текст“ и „Макази“. Во „Макази“ веќе работи „Еплленд“, а има интерес од инвеститори и за втората парцела. Во „Преспа текст“ 20-тина компании веќе работат, а таму ќе почнат со градба и други компании, рече Стрезовски.
Информира за компаниите во „Преспа текст“ каде, како што рече, 22 компании работат, две планираат проширување на капацитетите, а изминатиов период биле продадени седум парцели.Ресен ќе обезбеди околу 120 парцели за проектот „Купи куќа за млади“, рече градоначалникот на општина Ресен, Ѓоко Стрезовски на денешни