15-годишниот Испиров Игор, член на фудбалскиот тим Тиверија Партизан од Струмица е новата македонска фудбалска надеж, беше забележан од спортската редакција на „Пулс24“ за време на тест-натпревар за селектирање на млади фудбалери за влез во академијата организирана од Фудбалската Федерација на Македонија.
Станува збор за исклучително голем талент кој остави инзвонреден впечаток на тест-дуелот.
Младиот Испиров Игор воодушевува со својата игра презентирајќи голема борба во дуелите со противничките дефанзивци, брзина, и секако впечатлива е неговата висина и одлична конструкција која за неговата возраст е само факт-плус дека на момчево му претстои блескава фудбалска кариера.
Со оглед на фактот што се воведе национална стратегија во однос на тактичката поставеност на сите национални фудбалски селекции, во тој случај напаѓачите помалку доаѓаат до израз, се игра со еден класичен напаѓач, и токму напаѓачите во таква ситуација се приморани понекогаш сами да се снаоѓаат во противничкиот простор, да се обидат да одземат топка од дефанзивците, да чекаат грешка на противникот, и слично, младиот Испиров ги поседува сите овие претходно наведени услови, и надополнето со сето тоа што располага овој млад фудбалер, со право го регистрираме како голема надеж на мак-фудбалот.
Струмичкиот фудбалски талент инаку беше забележан од нашата спортска редакција на натпреварот на младите фудбалери кој се одигра на еден од терените на ФФМ во Аеродром.
Останува само да му посакаме успех во неговата фудбалска кариера, побрзо да го „фати возот за странство“ и со гордост да го носи еден ден националниот дрес на Македонија.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.15-годишниот Испиров Игор, член на фудбалскиот тим Тиверија Партизан од Струмица е новата македонска фудбалска надеж,