Студентскиот пленум дезинформира – седница на Сенат нема да има

Во обидот да ги скандализира студентските избори, таканарешениот Студентски пленум кој во јавноста важи за продолжена рака на опозициската СДСМ шири дезинформации дека во текот на утрешниот ден ќе заседавал универзитетскиот Сенат.Пленумците и дел од опозициските медиуми денеска излегоа со шпекулации дека разгледување на случувањата за време на студентските избори ќе била една од точките на дневниот ред на утрешна вонредна седница на универзитетскиот Сенат.
Сепак, ваквите шекулации се целосно неточни, бидејќи според информациите што ги добивме од Сенатот, за утре не е планирана никаква седница, туку едноставно станува збор за дезинформации кои ги шири таканаречениот Пленум.
Со ваквите невистинити шпекулации, Студентскиот пленум кој е политички мотивиран се обидува да внесе паника, повторно служејќи се со подметнувања. Токму таканаречените пленумци се обидоа да го нарушат гласањето за избор на нов студентски лидер минатиот четврток преку притисоци и разни опструкции.
Со дезинформациите за утрешна седница на Сенатот, која воопшто не е закажана, Пленумот се обидува да протне шпекулација во јавноста за подоцна повторно да манипулира дека истата е одложена поради некакви наводни притисоци.Пленумците и дел од опозициските медиуми денеска излегоа со шпекулации дека разгледување на случувањата за време на студентските избори ќ

Пронајдете не на следниве мрежи: