Греење на пелети за заштита на животната средина и заштита на здравјето на граѓаните е новата мерка што ја презентираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.-Денеска ќе објавам нов проект значаен за граѓаните. Проект кој има еколошка вредност и ефикасност. Ќе обезбедиме поддршка за греење со пелети. Тоа значи дека ќе симулираме и финансиски ќе ја поддржиме замената на печките за дрва, истакна Груевски.
Пелетите се тврдо гориво кое се произведува од пресувани остатоци од дрво. Загревањето со печки на пелети создава до 20 пати помалку загадување на воздухот со ПМ честички во односот на загревање со стари печки на дрва. Ефикасноста на старата печка на дрва е 55 % , додека на печките на пелети е над 90%.
Тој ја објасни новата мерка низ три сегмени меѓу кои поддршка за набавка на печки за греење за домаќинството, за кои државата ќе обезбеди субвенции до 70 проценти, по принципот старо за ново за најмногу 30.000 денари по домаќинство. Како втор сегмент Груевски ја посочи поддршката за набавка на самите пелети.
-Имајќи гои во предвид негативните последици врз животната средина кои доведуваат до значајни проблеми врз здравјето на населението ќе финансираме и финансиски ќе поддржуваме замена на старите печки на дрва со печки на пелети. Ќе се доделуваат субвенции до 70% од трошоците на домаќинствата за замена на печките на дрва со печки и котли на пелети по принципот старо за ново за најмногу до 30 илјади денари по домаќинство, рече Груевски.
Тој посочи пример дека за набавка на печка од 6 киловати која може да затопли површина до 60 метри квадратни се потребни околу 40 илјади денари, при што со оваа мерка ќе има субвенции од државата од 28.000 денари или пак 70% од вредноста.
-Вредноста на ДДВ за крајните корисници на пелетите и печките кои работат на пелети ќе биде намалена од 18 на 5 проценти. Македонски шуми ќе се специјализира и ќе започне со производство на пелети. Тие ќе бидат понудени по мошне поволни услови на пазарот, ја дообјасни Груевски мерката.
Груевски додаде дека проектот ќе започне од 2017 година и ќе трае во следните три години. Ќе бидат инвестирани најмалку 3 милиони евра годишно, а доколку има интерес ќе има и зголемување на предвидените средства.
Мошне значајно, нагласи Груевски е што и ЈП Македонски шуми ќе се специјализира, ќе направи посебен погон и ќе започне со производство на пелети. Тие производи, тоа производство на македонски шуми ќе биде под мошне поволни услови и тие ќе бидат понудени под мошне поволни услови на пазарот и ќе претставуваат конкурентна понуда, наспроти се поголемиот дефицит на дрвна, огревна маса на регионот и пошироко.
-Третиот сегмент се однесува на субвенционирање на инсталирање на системи за греење со радијатори на пелети во големи станбени објекти и други поголеми потрошувачи при што овде особено спаѓаат градинки, училишта, здравствени домови, јавни претпријатија кои се лоцираат во објекти и во населени места што не се приклучени кон централното градско греење и кои моментално во најголем дел се затоплуваат со дрвна маса или со фосилни горива. За оваа мерка за субвенционирање ќе бидат наменети најмалку еден милион евра годишно., во период од четири години, со што се очекува да бидат оспособени за загревање со систем на пелети околу 40 илјади метри квадратни простор на овие објекти, рече Груевски.
Проектот за поддшка за греење со пелети ќе започне да се спроведува од 2017 година и ќе важи до 2020 година. Значи период од четири години. За овој проект ќе бидат инвестирани најмалку по 3,5 милиони евра годишно или вкупно 14 милиони евра. Доколку има поголем интерес, можно е и одвојување повеќе средства за оваа намена. На годишно ниво за поддршка на домаќинствата ќе се инвестираат 2,5 милиони евра и еден милион евра за субвенционирање на системи за греење за поголеми потрошувачи.-Денеска ќе објавам нов проект значаен за граѓаните. Проект кој има еколошка вредност и ефикасност. Ќе обезбедиме поддршка за греење со пелети. Тоа