Судбината во тарот картите: Еве дали во животот ве очекува среќа…

Секоја од 22-те карти има свое значење и астролошка симболика. Секој има своја лична тарот карта а бројот на личната тарот карта е ист како и денот на раѓањето.  А ако бројот е поголем од 22, се собираат броевите и се зема во предвид резултатот од тоа. (30. 3+0=3)
Родени на 1 во месецот
Магот означува креативна личност. Живот преполн со активности од сите видови, а неретко и неочекувани промени и околности. За сето тоа да се преживее без стресови , треба да се сочува внатрешниот мир и рамнотежа. Сакаат да зборуваат саркастично и со подсмев.
Клучни зборови: снаодливост, креативност, врска меѓу небо и земја, комуникативност, прилагодливост и оригиналност.
Родени на 2 од месецот
Имаат мирен живот, урамнотежен и спокоен, а трпеливост ќе биде наградена еден ден, може со задоцнување но сепак ќе дојде и тој ден. Она на што треба да посветите внимание е искажување на емоциите и опасноста да се изгубат сопствените мотиви.
Клучни зборови: интуиција, улога на жените, мајка, мудрост, знаење, семејство.
Родени на 3 и 30 во месецот
Царица отворено ви нуди креативност, јаснотија на мислите, отвореност на духот, но и одредена растуреност во секојдневниот живот. Па така можна е матријална несгурност но и неред во постапките. Ако успеете во себе да создадете ред, тоа ќе се рефлектира на животот. Желбите ќе се исполнат.
Клучни зборови: креативни остварувања, плодност, задоволство, енергја на жена, деца, брак.
Родени на 4 и 31 во месецот
Царот носи возвишеност, отменост и авторитет. Се ќе се одржува во целост. Но, оваа карта носи и искушенија, па и многу тешки одлуки кој не е лесно да се донесат. Но, во прв план секогаш ќе биде матријалната добивка.
Клучни зборови: поредок, авторитет, машка енергија, работник, власт, татко, стабилност…
Родени на 5 и 23 во месецот
Независни и имплусивни личности, кои притоа во никој случај не сакаат да ја изгуват својата слобода. Авантурите ги претвараат во надеж… Внатрешен напредок на личноста, која позитивно влијае на сите околу неа.
Клучни зборови: советник, добрина, смиреност.
Родени на 6 и 24 во месецот
Љубовниците означуваат друштвеност, чувствителност, желба за рамнотежа но и длабока физичка привлечност. Остри размислувања и судење. Животот им минува со работа но и посветеност на семејството како и со многу голема одговорност.
Клучни зборови: љубов, емотивен избор, партнерство
Родени на 7 и 25 во месецот
Потреба за постојано движење , промени акции и нови идеи. Пат кој мора да го изодат за да бидат независни личности кои со себе ќе земат и други луѓе на својот пат. Затоа е многу добро како ќе управуваат во текот на целиот пат и да не се изложуват на опасности.
Клучни зборови: победа по борба, бурен и динамичен пат, патување

 
Родени на 8 и 26 во месецот
Енергија укажува на здравје, способност на вооединување на работите. Долговечност но од друга страна и претерана нервоза, бес и изненадни напади на гнев. Оваа карта сигурно доведува до успех, но до него патот е тежок.
Клучни зборови: храброст, внатрешно зрачење, страст и физичка сила.
Родени на 9 и 27 во месецот
Владее трпеливост искушение и внатрешно растројство. Личностите кои го имаат овој број, се осаменици кои сепак страдале во живот за на крајот да бидат наградени. Од себе треба да ги отклонуваат цртите на егоизам, затоа што другите не им се виновни што се такви какви што се.
Клучни зборови: врвна мудрост и знаење, дипломатија, внес на светлина, медитација.
Родени на 10 и 28 во месецот
 Динамичноста им владее во животот. Секогаш се во движење . Ако успеат да надвладеат на сите свои потреби ги очекува многу голем успех. Можеби ги очекува врвен успех ако успеат да се смират. Знаат во вистински момент да запрат.
Клучни зборови: знаат да бидат и доле и горе, добри промени, судбина, напредување.
Родени на 11 и 29 во месецот
Губење на сите илузии и гледање на работите токму онакви какви што се. Тоа значи дека мора да ги почитуваат општествените правила, редот и однесувањето… Во суштитната на овие луѓе е правдата која е еднаква казна и награда.
Клучни зборови: рамнотежа, чувство и потреба за правда, склад, смирување…
Родени на 12  во месецот
Личностите на оваа карта се слаби и чувствителни. Овие луе мораат да ги исправаат своите грешки но и да бидат подготвени да платат за нив по секоја цена. Токму поради тие грешки не може да бидат среќни.
Клучни зборови: не се согласуваат со општествени правила и со околината, жртвување, се бара прилагодување од нив.
Родени на  13 во месецот
Оваа карта означува каприцозна личност, сака радикални промени. Секогаш подготвени да почнат од нула и многу храбри. Во вам мора да има доволно инает за успех и голема желба за промена.
Клучни зборови: Да настане нешто ново, длабоки промени, енергија, трансформација.
Родени на 14 во месецот
Вашиот живот е во постојано движење но и контрадикторност во самите себе. Претерана имплусивост и без потребно нарушување на мирот. Не доволна самодоверба и самодисциплина.
Клучни зборови: Златна средина, трпение…
Родени на 15 во месецот
Ја претставува силата на материјалниот свет. Одлично здравје, одлична кондиција и добара матријална состојба. Но силен егоизам, испади од сите видови. Голема активност но и многу голема одговорност. Ако успее да го победи сето она негативно во себе, стигнува до највисокиот врв.
Клучни зборови: јака матријална склоност, искушување на злото, му робува на матријалниот свет, сака целосна контрола и потчинување.

 
Родени на 16 во месецот
Досаден живот и размислувања. Ако дојде до промени не се враќајте и не плачете по старото напротив создадете ново. Ви требаат цврсти одлуки и несебичност. Треба да знаете како да продолжите напред затоа што сите работи не може да бидат спасени.
Клучни зборови: Промени кои потсетуваат на рушење, разбивање на илузии, бурен период, ненадејна среќа.
Родени на 17 во месецот
Среќни се оние кои ја имаат оваа карта, значи мир, љубов, согласување, инспирација, бесконечен напредок и успешност на сите полиња. Но сепак значи и дека подароците треба да знаете како да ги задржите.
Клучни зборови: сјај, посебно зрачење, шармантни луѓе, верност, чистотија.
Родени на 18 во месецот
Фантазија, чувствителност и интуиција се основни карактеристики на овие луѓе. Го остваруваат замисленото. Само потребно е да знаат да ги избегнат замките. А за да го искористат целосниот потенција треба да го вежбаат тоа.
Клучни зборови: Длабока интуиција, отворени канали за добри и лоши компромиси, промени…
Родени на 19 во месецот
Многу подароци во животот, како љубов, здравје, успешност. Но за сето тоа убаво да се реализира потребен е висок степен за толеранција и добро однесување кон околината. Треба да се заштитите и од одредени напади.
Клучни зборови: светлост, топлина, успех, љубов и исполнување.
Родени на 20 во месецот
Ненадејни и големи промени. Секогаш овие личности мора да бидат подготвени да поднесат сметка за се што направиле и што не направиле. Се околу себе мора добро да проценуваат и се мора да заслужат.
Клучни зборови: важни одлуки, крај на една фаза и почеток на нова.
Родени на 21 во месецот
Свет е картата која ни кажува дека овие личности во текот на целиот свој живот ќе бидат заштитувани, како и дека секогаш ќе се најде некој кој ќе им пружи помош кога им е тешко, а за својата иднина токму поради тоа не мораат премногу да се грижат. Од нив се бара да бидат изразено друштвени и екстровертни и да реагираат на секоја понудена нова можност. За нив одмор во таа смисла не смее да има.
Клучни зборови: исполнување на очекувањата на сите полиња, успех, среќа, остварување на целите, совршенство.
Родени на 22 во месецот
Луда е картата без број, онаа што во себе ја носи сета сила на Таротот. Оваа карта е без број зошто истовремено претставува завршеток и почеток на стар и нов циклус од животот. Тоа е симбол кој навестува животен пат со големи остварувања но и живот полн со големи искушувања и маки. Во оваа дијаметрална спротивност ќе помине целиот живот. Дали тоа е дар или проклетство ќе може да се процени на самиот крај.
Клучни зборови: безгрижност, наивност, отворени врати за сите можности, нов пат со лудости, ризици, непромисленост, незрелост, нов почеток. Секој има своја лична тарот карта а бројот на личната тарот карта е ист како и денот на раѓањето.  А ако бројот е поголем од 22, се собираат б

Пронајдете не на следниве мрежи: