Судири избувнаа во сабота во Либан откако премиерот во заминување Наџиб Микати повика на воспоставување на преодна влада на спасот, само еден ден откако поднесе оставка заради политичкиот застој со Хезболах.Локалните медиуми јавија дека претседателот на Либан Мишел Сулејман ја прифатил оставката на Микати, потег што би можел да го вовлече Либан во понатамошни немири на само три месеца пред планираните парламентарни избори.Повремени судири избувнуваат трет ден по ред во северниот либански приморски град Триполи. Во снајперски оган убиен е ден маж, а двајца се ранети, јавија очевидци.Микати поднесе оставка во петок откако шиитски Хезболах и неговите сојузници го блокираа формирањето на тело кое би ги надгледувало изборите и се спротивставија на продолжувањето на мандатот на еден висок припадник на безбедносните сили.
Макфакс Судири избувнаа во сабота во Либан откако премиерот во заминување Наџиб Микати повика на воспоставување на