Судското рочиште за „Дива населба“ повторно е одложено

Судското рочиште против обвинетите за тероризам во случајот „Дива населба“ е одложено за 6 јуни, откако судската полиција на Врховниот суд не им дозволи на адвокатите на обвинетите во процесот да влезат во салата.Обвинителката Вилма Русковска изјави дека судењето е одложено за 6-ти јуни, заради неприсутно на адвокатите
Покрај на адвокатите, влез во Врховниот суд не им беше дозволен и на новинарите кои го следат процесот.
Судењето беше одложено и на 27 мај поради болест на судијката Верка Петковска.
Судењето за „Дива населба“ ќе се одржува во големата сала на Врховниот суд, бидејќи во Основниот суд Скопје 1 нема просторни и безбедносни услови за одржување на судењето во кое има голем број обвинети.
Судот на почетокот на овој месец донесе одлука со овој предмет да ја  спои постапката со случајот „Молња“, односно со логистичарите кои беа уапсени пред неколку месеци. За настаните од „Дива населба“ обвинети се 29 лица, а како логистичари осум лица.
На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.  Убиени беа и десет лица од вооружената група.Обвинителката Вилма Русковска изјави дека судењето е одложено за 6-ти јуни, заради неприсутно на адвокатите
Покрај на адвокатите, влез во В

Пронајдете не на следниве мрежи: