Шумахер на кратко ги отвори очите

Докторите кои се грижат за здравјето на Шумахер полека ќе го доведат до така наречена „летаргична“ состојба, така што тој би можел да комуницира со околината трепкајќи со очите, мрдање на устата и мрдање на раката.Седумкратниот шампион на Формула 1, Михаел Шумахер добро реагирал на процесот на будење од кома, а еден од знаците за заздравување е и фактот дека на кратко ги отворил очите, пренесуваат неофицијални информации од болницата Гренбол француските медиуми.
Францускиот L’Eklip кој први ја објавија информацијата дека Шумахер ќе го будат од кома, денес извести дека се оди во добар правец, а тоа го покажува и трепкањето со окото на германскиот ас.
Иако се уште нема официјални информации од болницата во Гренбол, ниту од семејството на Шумахер, уредниците на францускиот медиум тврдат дека информациите кои ги изнесуваат пред јавноста се сосема точни.

 
„Ние имаме доверливи извори од болницата. Сто отсто сме сигурни во информациите кои ги изнесуваме,“вели Жереми Арбон, главен и одговорен уредник на L’Eklip.
Дека нешто се случува околу Шумахер потврди и неврологот Стефан Шабард. Тој појасни дека докторите кои се грижат за здравјето на Шумахер полека ќе го доведат до така наречена „летаргична“ состојба, така што тој би можел да комуницира со околината трепкајќи со очите, мрдање на устата и мрдање на раката.
Ваквата состојба може да потрае неколку месеци, но сосема сигурно е добар знак дека Шумахер ќе заздрави од последиците при повредата на мозокот што ја здоби на скијање на 29 декември минатата година.Седумкратниот шампион на Формула 1, Михаел Шумахер добро реагирал на процесот на будење од кома, а еден од знаците за заздравување е и фактот дека

Пронајдете не на следниве мрежи: