Шумахер се врати дома: Михаел ја напуштил болницата по 254 дена

Шумахер е во болница од 29 декември минатата година кога доживеал несреќа на скијање на француските Алпи.Михаел Шумахер повеќе не е во болница! Славниот возач на Формула 1 по 254 дена е префрлен на домашно лекување во својот дом во Гланд на брегот на Женевското езеро.
Шумахер е во болница од 29 декември минатата година кога доживеал несреќа на скијање на француските Алпи.
Во кома се наоѓал 189 дена, а потоа во болницата во Гренобл е префрлен на рехабилитација во Швајцарија, во Лозана.
„Од сега, рехабилитацијата на Михаел Шумахер ќе се одвива во неговиот дом во Гланд. Со оглед на тешките повреди кои ги претрпел, постигнат е голем напредок во претходните неколку недели и месеци. Се уште е пред нас, но, долг и тежок пат до закрепнување. Сакаме де се заблагодариме на целиот тим во Лозана, на нивната грижа, за темелната и стручна работа. И понатака бараме од медиумите да ја почитуваат приватноста на семејството Шумахер и да не се шпекулира за негвата здравствена состојба“, се наведува во соопштението.
 Михаел Шумахер повеќе не е во болница! Славниот возач на Формула 1 по 254 дена е префрлен на домашно лекување во својот дом во Гланд на брегот на Ж

Пронајдете не на следниве мрежи: