Шумахер заздравува бавно но неизвесно: Најнови податоци за неговата здравствена состојба

Во моментов Михаел Шумахер се наоѓа во својот дом во Швајцарија, но прашањето што сите не мачи е дали и кога тој конечно ќе оздрави?Пензионираниот светски шампион во Формула 1 се здоби со тешки повреди на главата скијајќи со своето семејство на Француските Алпи. Кацигата го спаси од сигурна смрт, но и покрај неа, тој заврши во шестмесечна кома, од која се разбуди и во тој момент на барање на семејството заврши информирањето на јавноста и се појавија секакви шпекулации.
Откако семејството на Шумахер замоли за отсуство на медиумите од нивниот живот, вестите за неговата здравствена состојба стивнаа. Сепак, близок извор потврди дека тој сеуште се опоравува во својот дом. „Прогресот е бавен и болен“, изјави изворот. „Не можеме да очекуваме чуда“.
Она што го знаеме е дека постојат 15 луѓе кои во секој момент се посветени на подобрување на состојбата на Шумахер, а целосната цена за неговата рехабилитација е околу 154 илјади долари неделно. Неговата менаџерка Сабина Кем вели дека состојбата сепак се подобрува. Во едно интервју таа изјави: „Среќни сме и за најмалото подобрување со оглед на тежината на повредите. Иако сите знаеме дека борбата во која сме впуштени ќе потрае, сепак сме среќни што се бориме“.
Но сепак, постојат и оние кои не веруваат дека заздравувањето воопшто е возможно. Познатиот неврохирург и спинален хирург Питер Хамлин изјави: „Кога говориме за луѓе кои се опоравиле од тешки повреди на главата, речиси секогаш говориме за процеси што траат со години. Во првите месеци главното прашање е дали воопшто ќе се преживее, а прашањата што не мачат во понатамошните месеци секогаш се поврзани со квалитетот на животот на повредениот“.
Во меѓувреме неговата сопруга ги продаде викендичката во Норвешка и приватниот авион.Пензионираниот светски шампион во Формула 1 се здоби со тешки повреди на главата скијајќи со своето семејство на Француските Алпи. Кацигата го спас

Пронајдете не на следниве мрежи: