Супа која лечи се!

Ако сакате да пробате нешто ново и освежително, ова е вистинскиот рецепт за вас. Секоја состојка во оваа кашеста, слатка, а сепак фина мешавина на супа од јаболко и тиква, има барем едно од овие својства полезни за вашето здравје: Антиоксидант – кардамон, кромид, ѓумбир, морков, јаболко, тиква
Антибактериски – лук
Антимикробични – цимет
Антивирални – кромид, лук
Антинфламаторни – куркума, цимет, кардамон, каранфилче, кромид, ѓумбир, тиква
Антибиотик – кромид
Антиканцероген- кромид, морков
Состојки:

2 супени лажици маслиново масло

1 кромид, исечкан

2 главици лук, сечкани

1 прст свеж ѓумбир или рендан (две супени лажици)*

½ лажиче куркума

½ лажиче цимет

½ лажиче кардамон

малку мелено каранфилче

2 моркови, излупени и исечкани

2 јаболка, излупени, исчистени и исечкани

1 тиква, исечкана (околу 4 резанки)

власец, колку повеќе толку подобро

1 лажица павлака, 1 лажичка

малку сол и бибер (по желба)

* Ако го чувате вашиот корен од ѓумбир во замрзнувач, тоа го прави значително полесен за сецкање или рендање.
 

Начин на подготовка:
Во сад со средна големина, загрејте го маслиновото масло на тивок оган.
Додајте ги кромидот и лукот и гответе ги додека не омекнат, околу 6-8 минути.
Додајте го ѓумбирот, куркумата, циметот, кардамонот и каранфилчето и гответе додека не замириса, околу 1 минута.
Додајте го морковот, јаболката, тиквата и 3 чаши вода.
Откако ќе почне да врие, супата поклопете ја делумно за да се сталожи и посипете ја со сол и бибер по вкус.
Гответе ја додека не омекне зеленчукот, околу 20-30 минути.
Потоа оставете да се олади и испасирајте го со гмечалка, па изматете ја смесата во блендер.
Гарнирајте со павлака и малку власец и по потреба додадете сол и бибер по вкус.
Сервирајте ја супата топла.Антиоксидант – кардамон, кромид, ѓумбир, морков, јаболко, тиква
Антибактериски – лук
Антимикробични – цимет
Антивирални – к

Пронајдете не на следниве мрежи: