Недостатокот на време не треба да не спречува да се храниме здраво.
Дознајте како да направите ладна супа за половина минута.
За да подготвиме здрав оброк, понекогаш не се потребни повеќе од 30 секунди.
Тоа го докажува и оваа ладна супа која се спрема во блендер.
Состојки за здрава супа:
½ свежо авокадо
1 излупена краставица
120 мл кокосова вода
малку сок од лимон
неколку свежи ливчиња коријандер
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и миксајте 30 секунди, истурете во чинија а потоа посипете со семки коријандер.
Зошто е добра?
Кокосовата вода содржи значајна количина на калиум кој го губиме со потењето, па се препорачува да се пие како спортски напиток. Во комбинација со нискокалорична краставица и вкусно авокадо, инаку одлични извори на протеини, тоа создава моќна комбинација која заситува. Киселина на супата и дава лимонот може и лимента, а коријандерот го чисти телото од насобраните токсини.
* Најдобри рецепти, совети за здрава храна, здрав начин на живот, најчести здравствени проблеми, диети и сл., можете да најдете на фан страната на НАЈАДИСЕ.МК
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.