Елиминирајте го белото брашно и шеќерот, а наместо тоа вметнете здрав зеленчук и овошје доколку сакате вашата кожа буквално да блесне. Чоколадата и оревите го стимулираат производството на меланин во косата. Овие совети ќе ве направат едноставно неодоливи!Иако појавата на бели влакна најчесто се мисли дека е наследена генетски, но може да биде поврзана и со исхраната. Недостатокот на бакар, минерали во телото се потребни за производство на меланин, кој може да предизвика несакани бели влакна при негов недостаток. А помеѓу најефикасните продукти за создавање на меланин – пигменти кои на косата и кожата и даваат боја се темното чоколадо, кое е едно од најбогатите извори со бакар. Но освен омилените слатки, косата можете да ја излечете и со храна.
Дали ви се допаѓа сјајна и здрава коса, внесувајте продукти богати со витамини А, како што се морковите, советува нутриционистот Кимберли Снајдер, чии совети ги обожаваат холивудските звезди како Дру Баримор, Оливиа Вилд и Дита Вон Тис.
Доколку вашата коса е кршлива, тенка, тоа е знак дека ви недостасува железо, а решението е во црвеното месо. Тоа е богато со железо и учествува во транспортот на кислород низ крвотокот на фоликулите на косата и ја зајакнувата кршливата коса а со тоа и дава сила. За густа и тешка коса внесувајте продукти богати со омега 3-6 масни киселини кои се од корист за скалпот, го спречуваат неговото сушење и ја прават косата еластична, мазна и свиленкаста.
Одличен извор на есенцијални масни киселини е мрсна риба како туната, лосос и скуша, па гледајте да ги внесувате најмалку два пати неделно. Дали сакате да го зголемите сјајот на косата, јадете авокадо и ореви кои го подмачкуваат живецот на влакната и ја прават површината мазна и сјајна.
Грчки јогурт и боровинки за здрава коса
Грчкиот јогурт е богат со протеини, витамин Д, витамин Б5, односно пантотенска киселина која ја има во многу препарати за коса. Истражувањата покажале дека постои врска помеѓу здрав фоликул и витамин Д. Грчкиот јогурт додадете го на боровинките и ќе добиете витаминска бомба за косата. Тие се одличен извор на витамин Ц и за циркулација во косата. Поради недостаток на витами Ц, косата може да почне да се крши.
Благ компир и морков против чешање на скалпот
Благиот компир е богат извор на антиоксиданси, бета каротен што телото ги претвора во витамин А, без кој клетките неможе да функционираат нормално. Витаминот А помага во произвоство на природно масло кое го содржи скалпот и со недостаток предизвикува чешање. Добар извор на бета каротен има во храната како, моркови, диња, манго кајсии, тиква. Оревите ја чуваат природната боја на косата и обезбедуваат изворедна мекост и сјај. Недостатокот од биотин, може да предизвика губење на косата.
Со банана косата и ноктите не „пукаат“
За да на вашата коса и нокти им осигурате доволна количина на биотин, јадете банани, грав, цвекло, јајца, кикирики, лосос, советуваат нутриционистите. За вашето тело да изгради здрави и цврсти нокти потребно му е цинк. Не ја заборавајте водата и одржувајте го вашето тело свежо.
Иако појавата на бели влакна најчесто се мисли дека е наследена генетски, но може да биде поврзана и со исхраната. Недостатокот на бакар, минерали
Пронајдете не на следниве мрежи: