Суперхрана месец ноември: цвекло, карфиол, праз и тиква…

Во постудените месеци од годината, селекцијата на свеж зеленчук станува помала, но со карфиол, репка, праз, тиква, калинка, вашето тело ќе ги добие потребните витамини и минерали.Репка
Овој корен-зеленчук има важна улога во елиминирањето на токсините од телото, повеќе од 90 отсто од репката е вода и е богата со бета-каротен и витамин Ц. Влакната во репката го подобруваат варењето на храната, а позната е и по спречување на рак и срцеви заболувања. Начесто се припрема како супа, особено во комбинација со грав, а одлична е и за зимница.

Карфиол
Овој зеленчук е доста популарен во Европа и Далечниот Исток, каде што долго време се користи како превенција од рак. Таа содржи 25kcal за 100g, а богата е со фолна киселина, витамин Ц и К. Најдобар начин за подготовка е на пареа, а може и да се подготви во масло и во рерна, се меша и со други зеленчуци во јадењето, во супа е одлична. Новите истражувања покажуваат дека е особено корисна за пушачите, бидејќи фитонутритиентите го намалуваат ризикот од рак на белите дробови.
Калинка
Одамна се нарекува супер овошје, поради витамините Ц, фолната киселина, витамините А и Е, како и калциумот. Во нејзиниот сок има три важни полифеноли, кои се моќни антиоксиданси, и нивното дејство е посилно од она на брусницата, зелен чај и црвено вино. Таа има анти-бактериски својства, штити од рак и развој на дијабетес. Најчесто се консумира свежа, но може да се додаде во салата и десерти.

Праз
Во близок однос со лукот, празот нуди многу бенефиции, без интензивна арома. Богат е со протеини, витамин Ц, манган и железо. Исхраната богата со праз го зајакнува имунитетот, особено во зима, а докажано го намалува крвниот притисокот. Се јаде суров, варен во чорби и сл, но важно е да не се готви долго за да ги задржи хранливите материи.
Тиква
Овој портокалов зеленчук е богат со бета каротен и витамини Ц, Е и К, како калиум, фосфор и калциум. Таа докажано го стопира формирањето на слободни радикали и на тој начин ги штити ДНК клетките од предвремено стареење и мутација, а особено се препорачува за луѓе со болести на желудникот и цревата. Таа се подготвува во супи, чорби, сокови, пити и печена во рерна.Репка
Овој корен-зеленчук има важна улога во елиминирањето на токсините од телото, повеќе од 90 отсто од репката е вода и

Пронајдете не на следниве мрежи: