„Support Kocani“ донираше медицинска опрема на Клиниката за пластична хирургија во Скопје

Иницијативата „Супорт Кочани“ донираше медицинска опрема и супламенти на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје, наменета за повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Донацијата вклучува 100 комплети T-LAB PRP KIT, 10 комплети EXOMINE SMART KIT, четири пакувања аминокиселини и четири пакувања протеини.

Вкупната вредност на донацијата изнесува 286.120 денари и е целосно обезбедена преку донации од хумани граѓани и компании, кои континуирано ја поддржуваат иницијативата „Супорт Кочани“.

Оттаму додаваат дека медицинската опрема и суплементи се веќе доставени на Клиниката за пластична хирургија – Скопје, каде активно се користат во третманот на повредените. Тимот на „Супорт Кочани“ ги посетил и пациентите кои сè уште се хоспитализирани на Клиниката и лично им изразиле поддршка и желби за побрзо закрепнување.

Од оваа иницијатива нагласуваат дека остануваат посветени на „транспарентност, партнерство со институциите и долгорочна грижа за сите погодени лица“.

Пронајдете не на следниве мрежи: