Суспендирани Суарез и Нејмар

Ѕвездите на Барселона, Луис Суарез и Нејмар, се соочуваат со можна казна од УЕФА за настап на следниот меч против Манчестер сити во Лигата на шампионитеМожно е напаѓачите на каталонскиот клуб да бидат суспендирани поради недозволено однесување за време на дуелот против Борусија Менхенгладбах (1-2) на гостински терен. Тие со пцовки се обраќале кон судијата Дамир Скомина, и кон фудбалерите од противничкиот тим.
Нејмар со погрдни зборови и пцовки се обратил кон главниот судија Дамир Скомина. За својата реплика Бразилецот доби и жолт картон, а Скомина сето тоа го опишал и во извештајот по натпреварот.
Луис Суарез имаше вербални дуели и нецивилизиран карактер со противничките фудбалери. Се очекува УЕФА да отпочне истрага за овој случај и двајцата да добијат суспензија за настап на следниот натпревар против Манчестер сити, што ќе се игра на 19 октомври. Ако се знае дека и Лионел Меси е повреден, тоа би бил неверојатно голем удар за Барселона пред дуелот со тимот на својот некогашен тренер Пеп ГвардиолаМожно е напаѓачите на каталонскиот клуб да бидат суспендирани поради недозволено однесување за време на дуелот против Борусија Менхенгладбах (1-2)

Пронајдете не на следниве мрежи: