Сузана Ригаци – Гласот кој го слушаме зад најдобрите филмски мелодии

Нема човек кој е фан на кино – филмовите, а да не ја слушнал музиката на неприкосновениот „The Good, The Bad, and The Ugly“, мелодија која е една од најпрепознатливите светски филмски мелодии.Нема човек кој е фан на кино – филмовите, а да не ја слушнал музиката на неприкосновениот „The Good, The Bad, and The Ugly“, мелодија која е една од најпрепознатливите светски филмски мелодии. Возбудливиот глас зад оваа и многу други композиции на легендарниот италијански композитор и диригент Енио Мориконе , и припаѓа на Сузана Ригаци. Нејзиниот талент на далеку е познат, а има  настапувано и  на оперски сцени како што се: Ројал Алберт Хол , салата на кралицата Елизабета, Театро Ала Скала, Арена ди Верона . На 10. Декември 2013 година во салата на Арена Armeec во Софија бугарската публика ќе има можност да ужива во прекрасените и најистакнатите креации на Маестро Мориконе, надополнуван од страна на сопранот Сузана Ригаци.
Кариерата на Шведската пејачка започна со победата на натпреварот „Марија Калас“ организиран од страна на италијанската радио телевезија.  Името Ригаци стана уште по познато со нејзиното учество на „Mozarteum“ во Салцбург. Освен тоа што е импресивен опера изведувач, Сузана  исто така вокален педагог на пет јазици : италијански, француски, англиски, германски, шведски. Сопранот држи Меѓународни  мастер студии  и ги подучува за камерна музика  студентите на Конзерваториумот за музика во Терни , Италија. Од 2001 година Ригаци е солист во концертите на Енио Мориконе ширум целиот свет. Нејзиниот неодамнешен настап беше на Арена ди Верона . Настанот беше единаесеттиот по ред концерт на Мориконе е оваа легендарна локација по минатогодишните ” 10 години Концерти ” во галата . Гостин пејач  оваа година беше Dulce Pontes , кој донесе единствен акцент во извршувањето на РАИ оркестарот и Веронскиот симфониски хор.
Во Бугарија, Енио Мориконе ќе дојде за својот прв концерт во оваа земја да се претстави со 185 Бугарски музичари од „Класик ФМ радио“ оркестар оти хорот во салата на арената Armeec, со покана од Event Zone.  Шест италијански музичари, меѓу кои и самата Ригаци, ќе пристигнат заедно со маестрото.
Концертот на Енио Мориконе ќе се одржи на 10 декември 2013 година во арена Armeec, Софија , во 20:00 часот. Билети за овој настан можете да најдете на следниот линк: https://www.tixgate.com/en/event/ennio-morricone-concert/222/  и https://ticketsbg.com/event.php?id=1045Нема човек кој е фан на кино – филмовите, а да не ја слушнал музиката на неприкосновениот „The Good, The Bad, and The Ugly“, мело

Пронајдете не на следниве мрежи: