Швајцарската бај[н]ка

Ја заборавивме прес конференцијата на СЈО. Порано хајпот траеше подолго а радувањата на Радован ( СДСМ ) околу таа драмска дружина, тој  „Женски оркестар“ се многу послаби по интензитет. На маргините од комунистичкиот спин, „Сега знаеме кој прислушкувал“ сакајќи на „глупавиот народ“ да му шитнат уште една обланда дека прес конференција на „Женскиот оркестар“ што свири музика на увце на Зајакот а добива ноти од „Волшебникот“, е исто како валидна судска пресуда. Во ушите на комуњарите таа музика е побитна од реалниот земјотрес кој го предизвика посетата на Заев на земјата на Бај(н)ките, богатата, кантонизирана, среќна Швајцарија. За најтврдокорните комуњари, тоа е тема што треба да се заборави наспроти откровението за „бомбите“ – дека лошите жмроњи навистина сами себе си се прислушувале и на крај му ги дале на Заев снимките за да може да дојде на власт. Немало странски служби, немало ништо. Жмроњи си се прислушуваат и во еден момент решаваат дека им е доста од власт па еден од нив ги собира сите материјали и му ги дава на Заев. Ама пусто не сакаат одма да паднат па се жилават со некакви си избори на кои треба пак глупавиот народ да решава. СДСМ најдена во небрано во оваа внатре жмроњска пресметка, само мисли на вистината и слободата притоа пазејќи дискретно на сопственото раководство и елита зошто нивните снимки се само со жени и деца, обично за тоа што има за ручек, како е на факултет и такви банални работи. Нема криминал никаков а ни партиски разговори зошто во СДСМ на озбилни теми се комуницира преку голуби писмоноши. По телефон само за сарма, школо, фризер и такви баналности кои Пендаровски како совесен граѓанин сам ги предал на СЈО зошто Ленче се интересирала за депилациските навики на неговата сопруга. Фактот што жмроњите си се слушале сами себе можат да си го закачат на мачката на опашка зошто сите полу домаќински и домаќински муабети на опозицијата самите тие си ги преслушале и секако ги предале на СЈО, совесно и патриотски. Криминал нема зошто е познато колку чесни и доблесни членови се бираат низ силните етички филтри на дотичната партија. И најбитно, сето ова е така затоа што тие самите велат дека е така. А ние немаме никаква причина да не им веруваме нели? Чекам прес на СЈО да потврди и стави печат дека во три години прислушуваност – Пендаровски зборел само за сарма, само со жената и синот. Амин.
   Токму вакви муабети драги мои се влечкаат во зората на предизборието, или подобро речено во Зоранот на предизборието. И сега ќе се вергла само за тоа, бомби, обвиненија и прес конференции на „Женскиот Оркестар“. Зошто? А за што би зборувале СДСМ? За програмата на „Двери“ српската националистичка партија на која и ја имаат препишано програмата секако. Но нека не ве деконцентрираат. Да не ја заборавиме двојазичноста на цела територија, кантонизацијата, федерализацијата. Тоа е спинот. Сакаат да заборавите. Сакаат да не се сеќавате на територијалната организација од 2004-та. Сакаат да не правите споредби со Косово и да му верувате само и само на големиот вожд Заев. Но како? Како да веруваш на човек кој сам себеси се демантира? Кога ќе речеш има 500.000 фантоми, па 350.000, па 200.000, па 175.000 – може да си во право само еднаш, теоретски. Теоретски е можно и четири пати да лажеш кога таков „зелен“ каков што си, ќе си го потпишеш истиот избирачки список од 2014-та кој „прочистен“ од сите фантоми пак доаѓа до иста и поголема бројка од оној што си го чистел. Тоа би било чудно со дипломатски речник кажано, но во нашиот секојдневен разговорен јазик тоа се вика ЛАГА.
    И бар да е една….. Прислушувани биле 20.000, 30.000, 45.000, 60.000…. Пак, само една изјава може да е точна. Само една или помалку – значи НУЛА. Пак може теоретски да се 4 лаги но тоа не го велам јас, туку науката која се вика ЛОГИКА. И беспредметно е да набројувам лаги на господинот Заев за кој Куманово е или местенка или терористички напад – зависно во која земја ја дава изјавата. Повторно, само едно од овие тврдења или помалку може да е точно. И сега, од кога 2 и повеќе години се смеевме на шарлатанските методи и лаги на Заев, тој реши да стави се на една карта. Федерализација. Кантоните се супер. Ќе се менувал уставот за да им се угоди на барањата на Албанците. И ооооп рачна кочница. Пак. Она што го гледавме од Швајцарија како на бина стои и ветува проширување на рамката на рамковниот договор – тоа му импутира Грујо. Не се случило. И гостувањето во ТВ 21 кај што ветува отварање на уставот и редефинирање на државното уредување- и тоа Грујо лаже. Снимката со Кантоните исто е лажна, Грујо има двојник од Заев и по потреба снима такви клипчиња кои протекуваат во јавност. Да не се лажеме. Агендата е таа. Оние по интелигентните од редовите на СДСМ веќе не негираат зошто е баш глупаво да се негира настап на сопствениот лидер на телевизија пред милионски аудиториум. Сите видовме и слушнавме што кажа и што ветувал. По аналогијата од „бомбите’ Заев треба да одговара за обид на рушење на устав, говор на омраза и предизвикување меѓуетнички тензии. Зоран или Заев – било кој од двајцата зошто дефинитивно се работи за поделена личност. Но спин машината на СДСМ вели дека е ОК. Двојазичност веќе сме имале на цела територија (WTF?) доказ се автобусите на Беса транс и градските двокатни во Скопје (лудило, хајп, трип ). Продаваат предизборни басни дека тоа ништо нема да значи, дека тоа само Заев ќе рече еј дечки, од денес сме федерација – и сите ќе се насмееме и се ќе остане исто. Дека идниот Тетовски кантон да речеме, нема шанси да бара отцепување од Македонија и спојување со Албанија зошто Албанците ја сакаат повеќе државава од вас, етничките Македонци и сите останати заедно. Нееее нема шанси за такво сценарио. Пак ќе ве потсетам на Косово 1982-ра. Денес Косово е независна држава ( држава условно) а почнаа со барање на паралелки на мајчин албански јазик до 4-то одделение. What a difference 30 years make. И ако на вас ви  е сеедно – мислете на вашите поколенија. Латас ви ја напиша двојазичната математика завчера. Прочитајте. Отворете 16 очи на 11-ти декември зошто со овој лик, со Зоран Заев, никогаш не знаете што е вистина. А последици ќе има дури и ако лажел за предизборни цели. Неговата мантра веќе се налепи на сите етнички албански партии и тие знаат дека моментот кога на овој човек или на оваа политичка опција (СДСМ) ќе им биде дадена шансата да управува со Македонија – се може да се случи. И ќе притискаат на таа карта. Со самата изјава заев внесе нестабилност во идната извесна влада на ВМРО-ДПМНЕ, плански. Ако му биде дадена шанса тој да владее – епилогот треба да ви биде јасен. И нема да остане на налепници на автобуси верувајте, и нема да си тлее само во Струга и Тетово. Но ќе биде доцна ако дозволиме да се случи, ако Заев дојде на власт или во можност да манипулира со бројките во собранието. Тогаш е доцна. Запомнете, одфедерализирање не постои. Одкантонизирање исто така. Не верувате? Ајде да ја вратиме старата територијална поделба – што во принцип би требало да оди мазно зошто се работи за техничко исполнување на потребите на граѓаните на локално ниво и теоретски не би требало да има никаков проблем. Можеме ли да ја вратиме старата состојба пред несупешниот референдум во Струга? Па дури и со друг референдум? Можеме ли? Запрашајте се пред да заокружите на 11-ти. Запрашајте се како живее вашиот пријател Македонец во Чаир а како вашиот пријател албанец во Карпош да речеме. Прашајте го познаникот од Струга дали сега е се поубаво и неговите сограѓани албанци имаат чуство за неговите потреби и дали го чуваат како бубрег во лој. Зошто бадинтер не важи при состојба на доминација на албанците во некоја институција? Кога ќе си ги одговорите овие прашања, и кога ќе прочитате дека навистина во Швајцарија има тројазичност но НЕ ПОСТОИ ШВАЈЦАРСКИ јазик, како што во Југославија постоеја Југословени по пасош и извод од матично но не Југословенски јазик… тогаш ќе разберете во каква каша не турна овој шизофреник од оваа дрогирана и грогирана партија на која ништо не и е свето само за да дојде до власт, до фотеља… Нив Македонија им треба како одскочна даска за да седат по фотељите во Брисел, Стразбур, Хаг….. И ќе ја продадат за миг. На тој што ќе даде повеќе, само и само за да седнат, продадат име, територии, устав, национален идентитет и јазик и потоа да добијат награда во вид на бирократско столче во некоја од институциите во ЕУ. Од таму ќе ви праќаат селфиња со белгиски вафли, холандски крофни и француски кроасани. Ќе бидат заедно со оние на кои им се восхитуваат и ги идолизираат и ќе бидат задоволни со коска, со станче кое ние ќе го плаќаме и џепарлак за курчење. Нивните деца ќе учат и ќе се раѓаат таму, ќе добиваат државјанства и привилегии платени од наш џеб… А ние? Ние ќе треба да ги финансираме амбициите на овие апатриди  без трошка емпатија за сопствениот народ кој секојдневно го нарекуваат со најдолни имиња. Не им верувајте зошто вербата во нив е опасна. Од федерализација нема назад, од кантонизација и двојазичност исто. Утре нема да имате шанса да речете, чекај, јас не го сакав ова, не гласав за ова…. Ќе биде доцна. Кога тоа од што се плашите а не верувате дека може да биде вистина ќе се случи – нема назад. Само може да ве почестат со „епитети“, глупав, небањат, затуцан, хомофоб и слично и ќе ви кажат дека вашето прашање не заслужува одговор…
Сетете се на Струга, Кичево, Тетово…. сетете се на Косово…. И стиснете го пенкалото цврсто на 11-ти декември. Да ставиме крај на Швајцарската Бај(н)ка на Зоран заев и предавничката дружина, заедно, сите…. За нас и нашите поколенија се работи, ние резервна држава немаме.
ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, САМОСТОЈНА И УНИТАРНА !
Алекс Ванко
филозоф,писател,аналитичар На маргините

Пронајдете не на следниве мрежи: