Свечено е доделено ново возило за собирање на отпад во Општина Кривогаштани

Општина Кривогаштани е една од петте општини во Република Македонија која добива јапонска помош од грантот кој изнесуваше нешто повеќе од 300.000 евра наменет за поддршка и развој на единиците на локална самоуправа и јавните институции во државата. Општината доби донација со вкупна сума од 66,295 евра што вклучува нов камион за смет од марката Мицубиши и 35 контејнери кои ќе бидат распоредени на целата територија на општината.За таа цел, Општината ја посети првиот секретар на јапонската Амбасада во Виена Мицунори Огасавара, кој заедно со Градоначалникот Тони Заткоски свечено им го предадоа во употреба новото возило за смет на јавното претпријатие Пелагонија од Кривогаштани.
– Со оваа донација општината и ЈП Пелагонија добиваат значајна придобивка со цел олеснување на управувањето со цврст отпад како и подобрување на квалитетот на животот со почиста животна средина – известуваат од Општина Кривогаштани.
Градоначалникот на општина Кривогаштани постојано ја покажува своја посветеност за градење на успешна општина и подобрување на условите за живот на своите жители во сите сфери на општественото живеење со што општината го продолжува својот брз напредок и развој.За таа цел, Општината ја посети првиот секретар на јапонската Амбасада во Виена Мицунори Огасавара, кој заедно со Градоначалникот Тони Заткоски све

Пронајдете не на следниве мрежи: