Свечено отварање на 18-тото издание на Скопје филм фестивал

На вчерашното свеченото отворање на 18. издание на Скопје филм фестивал, во преполаната сала на киното Милениум, филмот, фестивалот за отворен го прогласи режисерот Иво Трајков. Светската премиера на неговиот најнов филм „Меден ноќ“ го означи почетоот на годинашното издание. По проекцијата, екипата на филмот беше дочекана со бурен и долг аплауз.
 
 
 – Филмот Медена ноќ е инспириран од новелата „Уво’ од познатиот чешки писател и сценарист Јан Прохаска и е напишана 1969/70 година. Има неколку причини што новелата ја адаптирав во филм, првата е дека дека кога бев студент имав прилика да го гледам чешкиот филм направен според оваа новела, а кој беше заранет во Чешка, во времето кога студирав на ФАМУ. Втората причина е што ме фасцинираше драмата на односот помеѓу мажот и жената, двата главни лика.
Нашиот филм се разликува од оној чешкиот според стравот. За стравот, сме виновни самите ние, затоа што сме комформисти. Според мое видување ние сме одговорни и нашите одлуки и дејствија предизвикуваат да ни се случуваат работите во животот, ако не ја прифатиме играта на тие што не’ владеат – тогаш сме слободни, рече Иво Трајков, на денешната прес конфренеција
Тој посочи дека сакал да раскаже приказна за македонски ликови за македонска публика
– Не сум виновен што сегашноста го имитира мојот филм, најмногу од се’, ме интересира како ќе реагира македонската публика, рече Трајков
Верица Недеска, која ја толкува улогата на Ана, сопругата на Никола (Никола Ристановски) рече дека улогата за неа била голем предизвик, а истовреме и слобода бидејќи соработвала о својто сопруг (Трајков) и со еден врвен актер каков што е Ристановски.
– За мене  беше голема комоција да се работи во такво друштво, а да се игра женска карактерна улога кои и во светската кинематографија се многу ретки, кои можат да покажат поголема плејада на способности на самиот актер. Тоа за мене беше огромна чест, но и огромна одговорност, рече Недеска.
Продуцентот Роберт Јазаџиски рече дека флмот Медена ноќ се правел така за да бидат доволни  средствата од Агенцијата за филм на РМ и неколку други копродуценти со кои редовно соработуваат
Авторот на музиката, Тони Китановски истакна дека процесот на изработка на музиката за филмот бил заеднички со режисерот и на граница на дизајн на звукот.
 
 
 – Филмот Медена ноќ е инспириран од новелата „Уво’ од познатиот чешки писател и сценарист Јан Прохаска и е напишана 1969/70 година. Има

Пронајдете не на следниве мрежи: