Во присуство на заменик министерот за локална самоуправа Михаил Пренџов, градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов, директорката на Центарот за развој на Југоисточен регион Жулиета Ѓуркова, голем број на присутни гости и жители на населеното место Сулдурци на свечен начин беше пуштен во употреба детскиот парк во село Сулдурци.Овој проект е финансиран заеднички од Министерство за локална самоуправа преку Биро за развој на Република Македонија и општина Радовиш во висина од 2.700.000 денари.
На присутните граѓани им се обрати заменик министерот Пренџов нагласувајќи дека овие проекти се значајни за министерството и за граѓаните пред се од аспект на овозможување на еднакви услови за квалитетен живот на сите граѓани, намалување на разликите помеѓу урбаните и руралните средини како и спречување на миграцијата село-град.
Градоначалникот Николов рече дека општината учествува со 500.000 денари во изградбата на овој објект кој е наменет како за дечињата така и за сите жители од населеното место Сулдурци.
„Овој парк е 12-ти кој во изминативе четири години го пуштаме во функција. И во ова прилика им се заблагодарувам на сите партнери во овој проект што ни ја дадоа подршката за изградба на истиот. Досега реализиравме повеќе проекти во село Сулдурци-асфалтирање на спортски терен, поплочување на улица, а во иднина најавувам дека ќе ја изградиме и улицата која води до училиштето, како и донесување на Детален урбанистички план за село Сулдурци“. Овој проект е финансиран заеднички од Министерство за локална самоуправа преку Биро за развој на Република Македонија и општина Радовиш в