Четвртото издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ завршува денеска (06.12) со свечено доделување на наградите Златна, Сребрена и Бронзена Тула, како и Златна Тула за најдобар анимиран филм за деца, во Кинотека на Македонија.На последниот, трет, фестивалски ден, ќе се одржат и проекција на филмови за деца, работилница за деца како и прикажување на официјалната програма во 20 часот.
Во 13 часот, Андреј Рубетској ќе одржи работилница за деца на возраст од 8 до 13 години, под наслов „Трикови на анимирање“ во Кинотека на Македонија. Исто така, во Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА ќе се одржи работилница за традиционална 2Д анимација, на која најдобрите двајца учесници ќе добијат стипендија од по 3.000 евра од ЕСРА. Официјалната програма во 20 часот ќе ја отвори италијанскиот „Beauty“ (Убавина).
По 100-минутната проекција ќе бидат прогласени најдобрите филмови од трите фестивалски денови во рамки на кои беа прикажани 52 анимации од кои 44 за возрасни и осум за деца. За наградите ќе одлучува четиричлено жири М-р Мими Ѓоргоска-Илиевска од Кинотека на Македонија, Андреј Рубетској од Русија – режисер, аниматор, сликар и сценарист, Дорис Бауер од Австрија – ко-директор на филмскиот фестивал за краток филм Еспресофилм и главен куратор на меѓународната програма за фикција и документаристика при VIS Vienna Independent Shorts и Диме Ратајкоски – главен и одговорен уредник на МРТ и автор на повеќе од 50 документарни емисии,филмови и репортажи.
Организаторите од продукцијата „Аурипигмент“ велат дека се презадоволни од посетеноста фестивслот во изминатите два денови како на проекциите така и на работилниците. Во петокот, односно второит ден на „Анимакс Скопје Фест“ утрото започна со преполни сали на проекциите за деца, попладнето беше резервирано за работилница на гостинката од Австрија, Дорис Бауер. Работилницата на тема „Филмските фестивали-поттик и потреба“ се одржа во Кинотека на Македонија, а заклучокот што произлезе од неа е дека „Фестивалите се заштитници на филмската уметност и нудат специфична и разновидна програма која што не може да се види секој ден во кино-салите“.
Бауер истакна дека фестивалите нудат разноликост. Кината нудат ограничен репертоар, и тоа најчесто се холивудски блокбастери, додека на фестивалите има одбрана и специфична програма на филмови кои што не може да се видат во кино. Како пример таа ги наведе фестивалите за кратки филмови, за документарни филмови, и токму фестивалите како „Анимакс Скопје Фест“.
Вчера гости на „Анимакс Скопје Фест“ беа студентите од Факултетот за ликовни уметности заедно со нивниот професор Ладислав Цветковски кои се дружеа и разговараа со гостинот од Русија, аниматорот Андреј Рубетској кој им го пренесе неговото искуство. Вечерта, секако беше резервирана за проекција на филмови од официјалната програма. Прв на репертоарот беше францускиот „Kiki of Montparnasse“ (Кики од Монтпарнас).
Публиката уживаше во 100-минути квалитетна анимација од цел свет. „Анимакс Скопје Фест“ е во организација на продуцентската куќа „Аурипигмент“, во соработка со здружението на граѓани Креативен центар Тинтири-Минтири од Скопје, со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија и Град Скопје, а во соработка со Кинотека на Македонија. Мотото на фестивалот оваа година е „Ако сите светат, ти блескај“.
Билетите чинат 50 денари и може да се набават на билетарата на Кинотека на Македонија.
Повеќе информации за фестивалот се објавени на веб страната www.animaxskopjefest.mk и на Facebook https://www.facebook.com/animaxskopjefest1.На последниот, трет, фестивалски ден, ќе се одржат и проекција на филмови за деца, работилница за деца како и прикажување на официјалната програма