Сведоштва на луѓе кои тврдат дека биле киднапирани од вонземјани

Приказните за вонземјани и летачки чинии со години го преплавуваат интернетот, но овие десет луѓе тврдат дека навистина биле киднапирани од суштества од друга планета.

Прочитајте ги следните десет сведоштва и самите проценете дали луѓето ја кажуваат вистината или само сакаат малку внимание од јавноста.

-Имав блиски средби со различни видови на живи суштества. Но, имав и блиски средби со вонземјани и тоа различни видови на вонземјани. Никогаш порано немав искусено безусловна љубов пред да ја запознам Blue Arcturian – Синтија.

-Беше 5-ти ноември 1975, јас заедно со уште 6 други луѓе си заминувавме од работа. Моравме да поминеме низ шума кога забележавме НЛО како се симнува од небото токму над нас. Видов само заслепувачка светлина и една неопислива сила ме повлече нагоре. Моите колеги од работа беа обвинети за мое убиство, како и дека измислиле приказна дека сум исчезнат. Полицијата ги стави на детектор за лаги и иако сите го поминаа и иако им објаснуваа никој не им поверува. Па мој совет е, доколку обвинувате некого имајте ги сите докази и факти па потоа сторете го тоа – Тревис.

-Им кажував постојано: Сакам да останам со вас. Не сакам да си одам! И почнував да плачам. Им објаснував дека ми се допаѓа тука, дека припаѓам тука. И тогаш тие ми рекоа дека се уште не дојдено моето време. Дека морам да помогнам да се спаси планетата Земја. Ете, само на тоа се сеќавам – Стефан.

-Престанаа да доаѓаат пред неколку години. Многу сум разочаран. Сакав кога доаѓаа. Се надевав дека ќе научам нешто од нив. Но, тие никогаш не ми зборуваа, освен кога ми пренесуваа порака. А пораката беше да престанам да зборувам -Теренс.

-Тие не ме испрашуваа, навистина ништо не ми правеа. Едноставно ми ги отворија очите. Беше помалку лудо, затоа што порано длабоко во себе посакував да ми се случи таква средба за да имам доказ дека постојат. И се случи – Себастијан.

-Ме учеа работи кои јас треба да ги пренесам на другите луѓе кои живеат тука на Земјата. Но, јас не ја завршувам баш најдобро таа работа. Ми зборуваа за чистење на околината, да бидеме подобри едни со други, како и да шириме љубов. Исто така, многу значајна работа за нив е да се уништи нуклеарното оружје – Вивиан.

-Ме пуштија за да ја завршам работата која ми ја доделија. А јас ја завршив. Календарот на Маите отчукува. Нашата аура сега е во „трета димензија“. Ова е мојот најзначаен живот – Џејмс.

-Видов чудна силуета како стои до мојот кревет. Наеднаш ме обиколи сина светлина и се најдов во една соларна област. Тогаш му се обратив: Дали можеш да ми го покажеш вашиот вселенски брод? – Џон

-Целиот мој живот имав визии кои едноставно не можев да ги контролирам. Прв пат вонземјаните ме зедоа кога имав 16 години. Бев дигнат во воздухот од некоја чудна сила и не ја чувствував гравитацијата. Од лева страна беа застанати тие. Сиви вонземјани и разговара меѓу себе, многу чудно. Мене ми звучеа само на неартикулирани звуци – Себастијан.

-Погледнав во далечината и видов како светло се спушта над планината. Тоа беше НЛО. Тогаш јас извикав: Ако доаѓате по мене, направете го тоа побрзо. И уште го немав доискажано последниот збор кога вселенскиот брод со брзина на светлината долета над мене. Беше огромен – Брус.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.