Затемнувањето на Сонцето кое ќе се случи во петок ширум Европа, би можело да биде сигнал дека доаѓаат мрачни времиња и „Судниот ден“, предупреди еден свештеник.Затемнувањето кое доаѓа неколку недели пред затемнувањето на Месечината изгледа дека е значајно за некои луѓе. Имено, во петок ќе се поклопат затемнувањето на Сонцето, Супер Месечината и пролетната рамноденица.
„Ова е редок пример кој укажува на проблемите кои треба да се случат во Европа“, рекол свештеникот Марк Блиц за христијанскиот сајт „Рут Сорс“.
Затемнувањето на Сонцето на 20 март е многу ретко, посебно поради тоа што последното затемнување во Европа се случи во 1999 година.
„Ова е порака за човештвото, бидејќи оваа појава ќе биде целосно видлива на Северниот пол, кој не е територија на ниедна држава што значи дека предупредувањето не се донесува само на некоја поединечна земја“, тврди Боб Одел, коосновач на сајтот „Рут Сорс“.
Тој додаде дека Евреите веруваат дека целосното затемнување на Сонцето е предупредување и знак на осуда.
„Бидејќи затемнувањето најдобро ќе биде видливо во земјите како што се Англија и Шведска, во кои расте антиисламското и антиеврејското движење, Европејците би требало навистина да се загрижат“, нагласува Одел.
Супер Месечината е појава на небото која се случува кога овој природен сателит на Земјата е за 50.000 километри поблиску до нашата планета, отколку кога се наоѓа во најоддалечената точка од Земјата. Тогаш е за 14% поголема и 30% посјајна.
Пролетната рамноденица значи дека денот и ноќта ќе траат подеднакво, а затемнувањето ќе допринесе кон тоа двете појави да имаат уште пострашна манифестација.
Дел од христијанските проповедници од Западот предупредуваат за пророштвото за крвавата Месечина од Книгата на пророкот Јоил, кој укажува дека тетрадата – четири последователни затемнувања на Месечината со шест полни месеци помеѓу нив – е знак дека се ближи крај на светот.
Оние кои веруваат во ова пророштво, се убедени дека пред страшниот суд Сонцето ќе се претвори во темнина, Месечината во крв… по што следи апокалипсата. Од друга страна, љубителите на ваквите астрономски изненадувања едвај го чекаат поклопувањето на овие три необични појави на небото.
Делумното затемнување на Сонцето ќе се случи и на 13 септември, а последната од четирите Супер Месечини ќе биде на небото на 28 септември.
„Пророштвото на крвавата Месечина е знак дека се ближи крај на светот. Последен пат кога се појавија четири Супермесечини по ред, Израел го освои Ерусалим во 1967 година“, вели свештеникот Блиц.
Погледнете го видеото:
Затемнувањето кое доаѓа неколку недели пред затемнувањето на Месечината изгледа дека е значајно за некои луѓе. Имено, во петок ќе се поклопат затем