Светиот цар и пророк Давид бил предок по плот на нашиот Господ Исус Христос. Помлад син на Јесеј, од коленото на Јуда, правнук на благочестивите Вооз и Рута.Според историчарите роден е во 1085 година пред Христа, во Витлеем. Во младоста Давид ги пасел стадата со овци, кои му припаѓале на татко му. Се одликувал со длабока вера, ревносно ја исполнувал волјата Божја. Затоа за време на нападите на Филистејците тој со Божја помош го победил во борба великанот Голијат, што резултирало со победа во војната во полза на израилскиот народ. Откако претрпел многу навреди од царот Саул, кој во него видел миленик на народот и свој соперник, Давид го покажал своето незлобие и великодушност. Иако станал зет за ќерка на Саул, и најдобар другар на неговиот син Јонатан, сепак гневот на Саул кон него не стивнувал. Два пати имал можност да го убие Саула, но не го сторил тоа. После смртта на Саул и неговиот син, Давид бил прогласен за цар на јужната половина од израилското царство, а после убиството на вториот син на Саул – за цар на сиот Израил. Тој изградил нова престолнина – Ерусалим („Град на мирот“), а во него – нова скинија; неговата голема желба да изгради храм наместо скинијата – не се исполнила.
Му било претскажано дека храмот ќе биде изграден од неговиот син. Животот на пророкот Давид бил помрачен од голем грев: ја зел за себе жената на Уриј, а самиот Уриј го испратил во смртоносна битка. Но дал и пример за големо покајание, смирено, со вера носејќи ги понатамошните маки, кои му биле испратени како казна за извршените гревови. Како пример за покајание светиот Давид ни го дал 50от псалм. Умрел цар Давид во длабока старост со непоколеблива вера во доаѓањето во светот на ветениот од Бога Искупител – Месија, нашиот Господ Исус Христос. Во богослужението и во личните молитви многу се користи боговдахновениот „Псалтир“.
Неговиот спомен се слави во првата недела по Рождество Христово, заедно со светиот Јосиф Обручник и свети Јаков Богобрат.
Извор: amvon.mkСпоред историчарите роден е во 1085 година пред Христа, во Витлеем. Во младоста Давид ги пасел стадата со овци, кои му припаѓале на татко му. Се од