Свети Николе го менува начинот на собирање на смет

Свети Николе целосно го менува начинот на собирање на отпадот, со што се приближува кон европските стандарди за третирање на отпадот. Со оваа новина Општина Свети Николе е меѓу првите општини во Македонија кој ќе го применува овој нов начин.Планот на проектот е да се поделат канти за оптад на секое домаќинство, кои ќе бидат дадени на реверс, односно тие ќе бидат во сопственост на ЈКП „Комуналец“ а граѓаните треба да ги чуват, одржуваат и користат. Екипите од комуналното претпријатие ќе го собираат отпадот од дворовите на граѓаните во одредени денови на кои граѓаните ќе треба да им овозможат пристап до кантите за нивно празнење. По завршување на проектот, големите контејнери кои стојат на улиците и создават една лоша слика и непријатна миризба ќе се отстранат и ќе станат минато.
Градоначалникот на Општина Свети Николе Зоран Тасев рече дека наша цел е да се подобрат услугите на граѓаните. Локалната самоуправа Свети Николе заедно со ЈКП „Комуналец“ од Свети Николе направија опсежна анализа, за да се промени и подобри начинот на собирање на отпадот, а се во интерес за потребите на граѓаните.
Како што истакна Директорот на ЈКП „Комуналец“ Александар Давчев во оваа фаза првично се набавени 650 канти за отпад, а понатаму ќе се набавуваат уште канти додека секое домаќинство не биде обезбедено со канта за смет. Овој начин на собирање на отпад претставува основа за понатамошна селекција на отпадот уште во домаќинствата, што е многу важно за почист град.
Во присуство на градоначалникот Зоран Тасев и Директорот на комуналното претпријатие Александар Давчев, вработените од комуналното претпријатие започнаа со дистрибуција на кантите за смет почнувајќи од домаќинствата на улица „Кумановска“ од Свети Николе со што почна да се реализира овој голем еколошки проект „Канта за секое домаќинство“ кој беше ветен пред граѓаните од локалната самоуправа Свети Николе.Планот на проектот е да се поделат канти за оптад на секое домаќинство, кои ќе бидат дадени на реверс, односно тие ќе бидат во сопственост на ЈКП &

Пронајдете не на следниве мрежи: