Свети правила за убавина!

Навиките имаат огромна моќ над нас. За да се создаде добра навика, потребно е три недели секојдневно повторување на одредена работа. Тоа што на почетокот изгледа како тешко, комплицирано и воедно одзема време, полека станува рутина која лесно се повторува. Зашто не се обидете да се навикнете на секојдневна нега на лицето и телото? Резултатите ќе бидат забележливи по кусо време…

Почесто и подолго гледајте се во огледало
Сте забележале дека во последно време сè помалку часови поминувате пред огледало? Треба многу внимателно и подолго да се огледувате, затоа што само така ќе можете да ги забележите сигналите кои ви ги праќа кожата и на кои треба навремено и на вистински начин да реагирате.
Доколку кожата ви е сува и темна, неопходно е да користите добар хранлив крем. Ситните темни дамки на лицето велат дека во вашата секојдневната нега треба да внесете хидрантантен крем со заштитен фактор кој ја штити кожата од надворешните влијанија и сончевите зраци.

Не заспивајте со шминка
Нема оправдување ако навечер не го исчистите лицето и не ја отстраните шминката. Кожата мора секогаш да биде чиста пред да легнете. Ноќното чистење на кожата е неопходно за да се отстрани прашината, смогот, трагите од шминка, сè со цел на кожата во текот на ноќта да и се овозможи “длабоко” дишење.
Производите за ноќна нега одберете ги според вашиот тип кожа. Користете млеко за чистење на шминката, или гел кој се мие. Многу се практични и влажните марамчиња, со нив со едно движење можете да ја отстраните сета нечистотија од лицето.
Совет плус:
1. Отстранете ја сета шминка со неутрален и благ отстранувач и измијте се во млака вода;
2. Нанесете тоник со кој на кожата ќе и ја вратите ph рамнотежата. За сува кожа користете благ тоник, а за масна тоник кој не содржи алкохол;
3. Лицето испрскајте го со минерална вода од шише или нанесте ноќен хиратантен крем.

Не заспивајте без ноќен крем
Нанесувањето ноќен крем можете да го заборавите само ако имате дваесет години. Кожата во текот на ноќта треба да се опорави и да се регенерира, а во тоа ќе помогне секојдневното користење на кремот.
Кремовите во својот состав имаат хидрантанти, хранливи и ревитализирачки агенси, кои на кожата и ја враќаат виталноста и ја хранат. Освен тоа, тие дејствуваат на еластичноста на кожата и, превентивно, против создавање брчки.
Мијте се секое утро
Погрешно е мислењето дека наутро лицето е чисто. Во текот на ноќна на лицето се собираат нечистотии, пред сè маснотии кои се присутни во воздухот. Прво нешто што треба да направите кога ќе станете од кревет е да го измиете лицето со некое благо средство (може и неутрален сапун). Покрај тоа што ќе ја исчистите кожата, на овој начин и ќе ја разбудите, давајќи и чувство на свежина.
Совет плус
А) Наутро добро измијте се;
Б) Нанесете тоник;
В) Добро навлажнете го делот околку очите. Потоа, нанесте хидрантентен крем на целото лице. Секогаш користете крем кој одговара на состојбата на вашата кожата;
Г) Еднаш неделно на лицето нанесете купка или маска од камилица или од некое друго хранливо растение.

Маска од камилица
Оваа маска е одлично средство да се смири и ревитализира сувата, испукана и иритирана кожа на лицето. Потребни се две супени лажици масло од камилица, две – три капки сок од лимон (или некој друг природен овошен оцет како што е јаболков) и жолчка. Маслото и жолчката не треба да бидат ладни, оставете да постојат.
Маската подгответе ја на ист начин како што се подготвуваа мајонез. Жолчката изматете ја со миксер или со лажица за матење, потоа капка по капка додадете го маслото и матете сè додека не добиете цврста смеса во која на крај ќе го ставите сокот од лимон. Смесата нанесете ја на чисто лице и по 30 минути измијте се.
Време е за тоник
Малку жени сметаат дека тоникот е важно козметичко средство и дека треба да биде важен дел од основната нега на кожата. Тоникот има смирувачко и освежително дејство, ги чисти порите и ги затвара и на кожата и дава влажност. 
Негувајте ги рацете и стапалата
Испланирајте еден ден од неделата да го посветите на нега на рацете и нозете. Односно барем еднаш неделно направете педикир и маникир. Тие ќе ви заблагодарат со убава, нежна кожа и прекрасен изглед. За отстранување на лакот користете препарати на база на масло, без ацетон. Ноктите обликувајте ги со турпија од картон, затоа што не ги оштетува, кутикулите не треба да ги сечете, туку да ги турнете со стапче.
На крај, нанесете хранлив крем и на рацете и на стапалата. Пред спиење можете да направите масажа на стапалата, која ќе ве опушти и стопли. Наполнете длабок сад со млака вода, ставете ги нозете во него и држете ги 10-15 минути, потоа исушете ги со крпа, и нанесете хранлив крем масирајќи од петата кон прстите.
Масирајте ја целата површина на стапалото сè до прстите, (како и секој прст посебно); користете се со палците движејќи ги во кругови, сантиметар по сантиметар. Доколку забележите дека имате здебелена кожа на петиците, на неа нанесете млеко за тело.
Не излегувајте од дома без крем
Кожата треба постојано да биде заштитена од агресијата на надворешната средина. Ако вистински не ја заштитите, ќе се создадат брчки и оштетувања многу порано од времето кога треба да се појават.
Студот, ветерот, сувиот воздух и топлината ја оштетуваат кожата. Нејзината внатрешна хидролипидна бариера, која спречува да се сушат длабинските делови на кожата е многу чувствителна. Поради тоа секогаш треба да ја заштите со хидратантен крем (или со крем кој одговара на вашиот тип кожа) пред за излезете од дома
Не заборавајте на пределот околу очите
Зоната околу очите е особено чувствителна затоа што е тенка, деликатна и сува. Ако не се негува правилно, може околу очите да се јават мали ситни брчки кои со текот на времето стануваат сè повидливи. Специфичните производи што се користат за тој дел на лицето се викаат антирид и можат да се најдат како крем или во облик на гел. Редовно користете ги наутро и навечер, затоа што помагаат кожата да ја задржи својата еластичност и влажност, со што ќе се спречи појавата на брчки.

Користете млеко за тело по секое капење
Како кожата на лицето, така и кожата на телото има потреба од постојана влага за да остане свежа и витална. По секое капење или туширање, користете млеко за тело, гел или масло, чии хранливи состојки ќе и ја дадат мекост на кожата. Одберете препарат кој најмногу одговара на вашиот тип кожа и на вашите потреби.
Задолжително нанесете регенератор
По секое миење на косата со шампон, нанесете регенератор. Тој на косата ќе и даде мекост, ќе направи таа лесно да се расчешлува и ќе ја нахрани. Одберете регенератор според вашиот тип коса, и по можност да биде од истата марка како и шампонот што го користите. По миењето, оставете регенераторот да дејствува неколку минути, а потоа измијте се со топла вода. Ефектот е веднаш забележлив.
ТУКА можете да погледнете како обликот на нокти ја открива вашата личност!
Петте работи кои не сте ги знаеле за бананите можете да ги прочитате ТУКА
                                         Тоа што на почетокот изгледа како тешко, комплицирано и воедно одзема време, полека станува рутина која лесно се повторува. Зашто не се обидете да

Пронајдете не на следниве мрежи: