Во нивна чест, 24 мај се слави како Ден на сесловенските просветители Кирил и Методиј.Свети Кирил и Методиј, се родени во Солун деветиот век. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука искористена да се препише старословенскиот јазик. По нивната смрт, нивните ученици ја продолжуваат нивната работа и дејност помеѓу Словените. Двајцата браќа се почитувани во Источната православна црква како светци со титулата Еднакви со Апостолите. Во 1880, Папата Лав XIII ја вовел нивната слава во календарот на Римокатоличката црква. Во 1980, Јован Павле Втори ги прогласил за ко-патрони на Европа, заедно со Бенедикт Нурсијски.
Првата словенска азбука
Првосоздадена азбука била глаголицата, која имала 38 букви, а потоа е создадена кирилицата.Се претпоставува дека глаголицата ја создал Кирил пред заминувањето во Моравската мисија во 863 година. Азбуката го добила името по старословенскиот збор глаголати, што значи зборување.
Бидејќи глаголицата била доста тешко и комплицирано писмо, веќе во 10 век се појавила поедноставената варијанта – кирилицата, која имала 44 букви.
Оформување на современиот македонски јазик
Најголемо значење за оформувањето на македонскиот литературен јазик има Крсте Петков Мисирков, кој со неговото дело „За македонцките работи“ ги постави клучните тези за тоа како треба да изгледа нашиот македонски јазик.Современиот македонски јазик е тесно врзан со најзначајното име во македонската литература – Блаже Конески, кој има значаен придонес за неговата кодификација, за пишувањето на македонскиот правопис и за изградувањето на литературно-јазичната норма.
Со решението на Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година, за воведување на македонскиот како службен јазик во македонската новосоздадена држава, со официјалното усвојување на македонската азбука (на 5 мај 1945 година) и со озаконувањето на правописот на македонскиот јазик (на 7 јуни 1945 година), е поврзана кодификацијата на македонскиот јазик.
Затоа, треба да го цениме, чуваме, да го негуваме и континуирано да го надградуваме нашиот јазик!Свети Кирил и Методиј, се родени во Солун деветиот век. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја доби