Светлана беше најдобра ракометарка во светот, а сега може да остане на улица

Во изборот на ИХФ го доби признанието за најдобра ракометарка на сите времиња, додека во 1988 година беше најдобра ракометарка во светот. Она што таа успеа да го направи уште на 20 години, многумина не успеаја ниту за цела кариера.Сепак, како што самата Светлана Китиќ вели, колку што имаше среќа во ракометот и во кариерата, толку нема во другите работи во животот. Таа сега има 57 години и се соочува со огромен проблем бидејќи покрај тоа што има проблеми со здравјето би можела и да заврши на улица.
Станот којшто го купила во 2007 година во Белград бил на кредит во швајцарски франци, па сега ратата е многу поголема и се наоѓа во ситуација од која тешко може да најде излез.
– Сумата беше еднаква на 50.000 евра, но сега има проблем со тоа што ратата стана двојно поголема. Во меѓувреме мојот син се разведе и се врати за живее кај мене. За да му помогнам, подигнав уште еден кредит во готовина, изјавува Китиќ.
Сега некогаш најдобрата ракометарка во светот мора да и плати на банката сума од 66.000 евра или ќе остане без стан.
– Поради долгот во банката се најдов на црната листа и нема начин како да дојдам до 66.000 евра во моментов. Рокот за подмирување веќе помина, а беше до 5 април. Прашав многумина за заем, но немаат толку пари. Првите денови ми беше најтешко. Плачев криејќи се од децата. Сега мојата ќерка вели дека ќе го продаде бубрегот за да ја реши работата. Тоа нема да и го дозволам ниту во лудило, вели Китиќ.Сепак, како што самата Светлана Китиќ вели, колку што имаше среќа во ракометот и во кариерата, толку нема во другите работи во животот. Таа се

Пронајдете не на следниве мрежи: