Дури 52 врвни банкари починале или биле убиени во изминатите 19 месеци. Само оваа година се убиени или загинале 37 врвни банкари, или по тројца секој месец.Црната серија започнала во март 2013 година, кога со скокање низ прозорецот се самоубил Дејвид Роси, директор на банката Monte dei Paschi. Месец и половина подоцна, со скок од воз во движење се самоубил Дејвид Вилијам Вајгуд, менаџер во HSBC Банка.
Посебно шокантна е смртта на американскиот банкар Шон Д.Мичер, кој е пронајден мртов во својата бања на 18 ноември оваа година.
Во почетокот на ноември во Белгија исчезнал Герт Так (52), кој во една голема банка ги водел сметките на богатите. По еден месец, полицијата го пронајде телото на плажа во Остенд, а на него немало знаци на насилство. Иако се шпекулираше дека сакал да побегне со парите на своите клиенти, сепак неговите колеги ја отфрлиле таа теорија.
Пред една недела, лондонскиот инвестициски банкар Скот Јанг бил пронајден набоден на шило на оградата пред зградата во која живеел. Наводно скокнал од својот апартман во зградата, која се наоѓа веднаш до куќата каде што некогаш живеел тапанарот на Битлси, Ринго Стар. На полицијата и пожарникарите им биле потребни неколку часа за да го отстранат неговото тело од оградата, а медиумите следниот ден пишувале дека тоа беше уште една сомнителна смрт, 37-ма оваа година.
На многу блогови веќе се прават теории на заговор за мистеријата што ја опкружува смртта на банкарите. Истото беше и во 2008 година, но тоа претежно беиле самоубиства, пренесе „Вечерњи лист“.
Црната серија започнала во март 2013 година, кога со скокање низ прозорецот се самоубил Дејвид Роси, директор на банката Monte dei Paschi. Месец и