Согледувањето на состојбата укажува дека бизнис секторот во Македонија покажува сè поголем интерес за општествена одговорност и филантропија. Истражувањата покажуваат дека повеќе од половина од компаниите донираат во текот на годината. Бизнис секторот во Македонија во 2013 издвоил повеќе од 10 и пол милиони евра за донации и спонзорства. Тоа што недостасува е стратешки приод на бизнис секторот за општествена одговорност и за соработка со граѓанските организации во градењето на позитивни општествени промени.Размената на искуства и следењето на добрите практики е неопходно за развивање на проекти во областа на општествената одговорност. Со цел да се поттикнат македонските компании поинтензивно и сеопфатно да размислуваат за вклучување на општествена одговорност во своите стратегии, на покана на здружението Конект, а со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави, во Скопје доаѓа една од водечките експертки во областа на општествената одговорност, г-а Лиса Мекилвена, заменик директор на Business in the Community од Северна Ирска.
За време на нејзиниот престој таа ќе се сретне со претставници на граѓанскиот сектор, бизнис секторот и нивните комори, студенти и млади. Како што велат од Конект, од посебно значење е работилницата за претставници на бизнис секторот што ќе се одржи на 31 март во соработка со Американската стопанска комора на тема „Подготовка на ООП проекти и нивно менаџирање“. Пошироката јавност е повикана на презентација за општествена одговорност што ќе се одржи на 1 април 2015 во Американското катче во Скопје од 16 до 17 часот. Граѓанските организации и бизнисите ќе добијат практични совети за како да постапат во развивањето на ООП проекти и практики за прибирање на ресурси од бизнис секторот.
Бизнисите се составен дел од општеството и неизбежно влијаат на него на позитивен и негативен начин. Експертите велат дека вклучувањето на општествено одговорни практики во секојдневното функционирање не е ништо друго туку начин на водење бизнис. Директно е поврзано со одржливиот развој и затоа општествената одговорност треба да биде стратешки интегрирана целосно во бизнис процесот на компанијата. Нашата цел е македонските компании да се стремат кон градење на постратешки приод градејќи партнерства со организации што поседуваат експертиза во областа на ООП и со граѓанскиот сектор – додава Никица Кусиникова, извршна директорка на Конект.Размената на искуства и следењето на добрите практики е неопходно за развивање на проекти во областа на општествената одговорност. Со цел да се пот