Светскиот првак пресилен за Македонија

Ракометната репрезентација на Македонија загуби од Шпанија со 17:24 (7:13), во рамките на третото коло од квалификациите за пласман на ЕП во Данска.На овој натпревар своето деби на клупата на македонската репрезентација го имаше Хрватот Ивица Обрван, кој пред еден месец ја презеде функцијата, откако Звонко Шундовски поднесе оставка по Светското првенство.Македонската ракометна репрезентација никогаш не делувала толку немоќно како на натпреварот со актуелниот Светски првак. Шпанија во Скопје ја демонстрираше својата моќ – длабока и многу подвижна 6-0 зона преку која нашите репрезентативци тешко го гледаа голот, а и кога ќе ја мине зоната Штербик најчесто лесно се справуваше со обидите да биде совладан.Македонскиот селектор Обрван се обидуваше со честите измени во составот да го смени темпото на натпреварот, но Шпанија имаше решение за сите тактички варијанти на Македонија.Анемично и во грч, без многу идеја како да се пробие длабоката зона на противникот, македонските репрезентативци го отворија натпреварот. Уште во првите три напади го разбранија најдобриот светски голман Арпад Штербик, по што Шпанците без многу мака за 10 минути стигнаа до предност од 0:4. Македонија, првиот гол на натпреварот го постигна во 11.минута (Миркуловски). Разликата создадена во првата третина од првото полувреме искусните Шпанци без проблем ја одржуваа, а до крајот на полувремето и ја зголемија на највисоки седум голови (6:13).Второто полувреме, на голот на Македонија го започна Ангелов, со неколку интервенции тој успеа да ја крене публиката на нозе, но искусните Шпанци не и дозволија на Македонија воопшто да ја намали разликата. Напротив тие трпеливо ја градеа предноста, во 42. минута стигнаа до 11:18, во 46.минута до 13:21, а во 55.минута нивната предност изнесуваше 15:23.Миркуловски и Недановски со по три гола беа најефикасни во редовите на Македонија, по два гола постигнаа Георгиевски, Мојсовски, Филип Лазаров. Голманот Ангелов на голот во вториот дел имаше седум успешни интервенции.Шпанија до победата ја предводеа Томас со пет голови, а по четири голови постигнаа Баена и Монторо, голманот Штербик имаше 12 интервенции.Својата шанса за освојување на второто место во групата и пласман на Европското првенство во 2014 година, Македонија ќе ја бара на јунските мечеви со Швајцарија и Португалија.Македонија и Шпанија вториот дуел ќе го одиграат веќе на 7-ми април во Гвадалахара.
МакфаксРакометната репрезентација на Македонија загуби од Шпанија со 17:24 (7:13), во рамките на третото коло од квалиф

Пронајдете не на следниве мрежи: