Светските медиуми предупредуваат: Балканот повторно е БУРЕ БАРУТ!

Бегалската криза ни денес не се трга од насловните страни на водечките светски медиуми. Влијателниот британски весник „The Guardian“ во своето онлајн издание како главна вест во живо ги следи најновите случувања околу мигрантската криза, а ја истакнуваат и изјавата на хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, кој рекол дека Хрватска ја натерала Унгарија да ги прими Бегалците.Истата изјава во опширен извештај од Хрватска  ја истакнува и ВВС.  Таблоидот „Делји Меил“ ја донесува приказната за дипломатскиот судир помеѓу Хрватска и Унгарија и тешките обвиненија на Будимпешта на сметка на Загреб.
„Хрватска обвинета за криумчарење на луѓе: Жестока расправија помеѓу соседите, Унгарија ја нападна политиката на Загреб со која ја тера да ги прими мигрантите испратени со возови“, гласи насловот на опширниот текст во овој весник.

Германскиот „Билд“ ја следи целата бегалска криза од минута во минута во голем извештај под името „Драма на европските граници“. Случувањата константно ги следи и угледниот „Франкфуртер“, кој во прв план го истакнува судирот помеѓу хрватската претседателка и премиерот околу ангажманот  на хрватската војска.

Австрискиот „Кронен Зеитунг“  ја носи изјавата на тамошната министерка за внатрешни работи, која негодува поради изостанувањето на примена на основните правила за азил во Хрватска и Словенија, и ја споменува можноста за враќање на новопристигнатите бегалци во тие две држави. Но, како водечка вест го носи текстот за повик на мобилизација на унгарската војска и тешките зборови на релација Загреб- Будимпешта, а сето тоа под наслов : „Балканот повторно е буре барут“.

„Њујорк Тајмс“ во печатеното издание објави репортажа од Хрватска за бегалците кои тогаш се уште беа заглавени во таа земја, пред да стапи на сила „План Б“. Приказната со  скоро идентичен наслов ја изнесува и „Вашингтон Пост“.Истата изјава во опширен извештај од Хрватска  ја истакнува и ВВС.  Таблоидот „Делји Меил“ ја донесува приказната за дипломат

Пронајдете не на следниве мрежи: