Светските вицешампиони од „Брејк а лег “ во посета на Општина Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, ги прими светските вицешампионки од танцовиот клуб „Брејк а Лег“, кои на неодамнешното Светско првенство во хип-хоп, што се одржа во Грац, Австрија, во конкуренција на 55 репрезентации, го освоија второто место.Аеродромките го споделија искуството од учеството на неодамнешниот светски натпревар во хип-хоп и истакнаа дека се подготвуваа со неколку месечна напорна работа, зашто сихронизирањето и усовршувањето на кореографијата мора да биде на максимално ниво. Во спротивно, секоја најмала грешка го менува пласманот.
Инаку, учесниците во танцовиот клуб ќе настапат утре, 9.11.2016 година (среда), на натпреварот меѓу МЗТ – Скопје „Аеродром“ и Гранканарија што ќе се одржи во СЦ „Јане Сандански“ во 19:00 часот.
„Брејк а Лег“ во своето неколкугодишно постоење има освоено голем број награди и признанија на регионални и светски натпревари.Аеродромките го споделија искуството од учеството на неодамнешниот светски натпревар во хип-хоп и истакнаа дека се подготвуваа со неколку

Пронајдете не на следниве мрежи: