СВР Штип преку Отсекот за превенција и ПС од ОН Берово, во соработка со општина Берово и ООУ “Дедо Иљо Малешевски“започнаа со реализација на активностите поврзани со проектот на тема „Превенција од никотиноманија“ за учениците од 5 до 9 одделение.Проектот кој има за цел едукација и подигање на свеста кај младите за штетните последици од употреба на цигарите, е дел од превентивните мерки и проекти кои ги изработува Отсекот за превенција при СВР Штип и истиот се спроведува на подрачјето на сите општини кои ги покрива СВР Штип.
Реализацијата на проектот се извршува од страна на едукатори од ПС од ОН Берово и преку истиот се предвидени неколку активности:
-Обука на врснички едукатори од основните и средните училишта,
-Одржување на едукативни предавања на ученици од основните училишта (V, VI, VII, VIII и IXодделение) и средни училишта (I, II, III и IV година),
-Одржување на спортски натпревари во рамки на училиштата,
-Состаноци на Советодавните групи на граѓани и
-Емитување на прилози во локалните медиуми.
Преку овие активности на проектот ќе се промовира поддршката за превенција од употребата на цигари на целата јавност и превентивното работење на полицијата во соработка со општина Берово и училиштата.
Во досегашниот период во ООУ “Дедо Иљо Малешевски“ се спроведувани и повеќе други превентивни активности меѓу кои беа и активностите кон крајот на 2015 година преку проектите „Превенција од трговија со луѓе“ и „Превенција од употреба на пиротехнички средства“.Проектот кој има за цел едукација и подигање на свеста кај младите за штетните последици од употреба на цигарите, е дел од превентивните мерки и пр