Намаленото внесување на сол е исто толку важно за здравјето како и да престанете да пушите, предупредува Светската здравствена организација (СЗО). Според податоците на Светската здравствена организација намаленото внесување на сол за 15 отсто за 10 години во светот спасил девет милиони животи.
Намалувањето на дневното внесување на сол за три грама придонесе милионски заштеди на здравствениот систем, спасило многу животи. Ова е истакнато на состанокот на СЗО по повод светската недела за борба против прекумерното внесување на сол.
Претераната консумација на сол е една од главните причини за болести на срцето и крвните садови, одговорна е за 62 отсто мозочни удари и за коронарна болест, а има влијание и за настанување на карцином на желудникот, зголемување на симптомите на астма, бубрежна болест и остеопороза.
Иако препораките на СЗО се дневно да се внесува 5 грама сол, американско кардиолошко друштво препорачува помеѓу 3,5 и 4 грама.
Инаку, меѓу 12-те намирници кои се виновни за прекумерно внесување на сол се лебот, месните производи, готовите јадења, житариците за појадок, рибините производи, солените грисини, зачините и производите од компир.Според податоците на Светската здравствена организација намаленото внесување на сол за 15 отсто за 10 години во светот спасил девет милиони жи