Taчи: Поделба на Косово само преку мене мртов, никој нема да земе сантиметар косовска територија

Косовскиот претседател, Хашим Тачи изјави дека поделба и размена на територијата на Косово може да се случи само преку него мртов и дека за тоа зборуваат тие кои му помагале на Слободан Милошевиќ.
“Размена на територии никогаш нема да се случи, територијалната размена е договор и никогаш нема да биде дозволена, а поделбата на Косово може да се случи само преку мене мртов“, изјави Тачи во Тирана.
Тачи нагласи дека „никој не може да ги подели Трепча, Митровица и езерото Газивода, ниту да земе еден сантиметар од косовската територија“.
“За поделбата на Косово денес зборуваат оние што му помагаа на Слободан Милошевиќ“, рече Тачи, додавајќи дека никој не може да негира дека припојување кон Косово на Прешевската Долина, односно трите општини со мнозинско албанско насление во јужниот дел на Србија – Пришево, Медвеѓа и Бујановац, нема да влијае врз целовитоста на Република Косово.
Тачи ја отфрли и секоја форма на формирање „Балканска унија“, бидејќи, како што рече, тоа ја нарушува „територијата на Република Косово“.
“Албанската нација мора да биде зајакната, Косово има пријатели и партнери, како што се САД и ЕУ, но исто така има политички противници. Косовската армија ќе биде армија на мирот“, рече Тачи.
Изразувајќи благодарност до САД, кои ја поддржуваат трансформацијата на Косовските безбедносни сили во армија, Тачи рече дека Приштина се подготвува за влегување во конечнара фаза од дијалогот со Белград за постигнување на сеопфатен договор за нормализација на односите.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.