Таа буквално е коски и кожа: 12-годишно девојче не јадело со денови, па завршило во болница!

Еугенија Куни (22) е блогерка која со својот анорексичен изглед збуни милиони фанови. Нејзината ситна фигура изненади многумина.Нејзините фанови покренале петиција со која бараат од Јутјуб да се отстрани нејзиниот канал поради промовирање анорексија, а на Еугенија ѝ советуваат да побара помош бидејќи ѝ останале уште година дена живот.
Иако Еугенија тврди дека никогаш не советувала губење килограми или поттикнувала луѓе да изгледаат како нејзе, сепак се соочува со бесот на многумина. Таа тврди дека некои фанови дури се осмелиле да ѝ праќаат заканувачки писма.
„Луѓето велат дека лошо влијаам врз девојките. Само сакам да порачам дека никогаш не сакав да влијаам на никој, посебно не на лош начин. Никогаш немам препорачано некој свој метод за слабеење, ниту пак советував некој да ослабне“ – вели оваа блогерка.
Многу следбеници предупредуваат дека нејзиниот изглед драстично се менува бидејќи пред извесно време имала нешто месо на коските, а сега е послаба. Еден фан забележал дека таа нема ни сила во гласот и очајно се обидува да ѝ укаже дека треба да побара помош. Иако многу луѓе ја потпишале петицијата, таа е отстранета.
„Можеби и не влијае намерно на гледачите, но нејзиниот изглед секако не им помага на девојките кои се несигурни во своето тело“ – напишала една жена.
Друга жена додала дека нејзината внука поради Еугенија се наоѓа во болница.
„Постојано беше на диета бидејќи сакаше да изгледа како Еугенија. Има само 12 години и сега е во болница.“
Погледнете го видеото:Нејзините фанови покренале петиција со која бараат од Јутјуб да се отстрани нејзиниот канал поради промовирање анорексија, а на Еугенија ѝ советува

Пронајдете не на следниве мрежи: