Се бакнуваа два и половина дена или поточно, 58 часа, 35 минути и 58 секунди, со што го прославија католичкиот празник Св. Валентин, искажаа љубов еден на друг и го соборија светскиот рекорд во бакнување.Тајландската двојка Екачаи Тиранарат и неговата сопруга Лаксана учествуваа на натпреварот за најдолг бакнеж на светот.Повеќе од два и половина дена беа без спиење и одмор. Пиеја само вода со цевче, а и во тоалет мораа да одат бакнувајќи се.„Беа исцрпени затоа што не спиеја повеќе од два дена и уште цело време мораа да стојат“, вели Сомпрон Наксуетронг, еден од организаторите на натпреварот, објави AFP.Претходниот рекорд изнесува 50 часа, 25 минути и една секунда, а двојката која го постави учествуваше и оваа година.Буквално падаа на неколку минути пред Екачаи и Лаксана.Победниците освоија 3.300 долари и по еден дијамантски прстен.
МакфаксСе бакнуваа два и половина дена или поточно, 58 часа, 35 минути и 58 секунди, со што го прославија католичкиот п