Претседателот и премиерот на Русија, Владимир Путин и Димитриј Медведев, секојадневно се под лупата на светските медиуми.Нивните изјави, посетите на странски земји, реакции на најразлични настани во светот, аналитичарите редовно ги анализираат и проучуваат.
Така, во британските медиуми се појави текст во кој се анализира дури и начинот на одење на двајцата лидери.
Британски „Телеграф“ пишува дека специфичниот начин на одење на Путин е последица од неговата кариера во КГБ.
Станува збор за тоа дека при одењето, Путин секогаш ја држи десната рака покрај телото.
При движење, десната рака минимално се поместува и готово секогаш е покрај телото.
Секако, постои и јасна причина поради таквиот начин на одење. Станува збор за тоа дека десната рака не се поместува многу, за да може во секој момент брзо да посегне по оружје.
Покрај Путин, таков начин на одење има усвоено и премиерот Медведев, иако не поминал низ обука во разузнавачки или воени служби. Покрај него, на ист начин се движат и други високи функционери, а како што наведува британскиот лист „револверашки начин на одење“ имаат оние коишто го имитираат претседателот.
Инаку, професор по неврологија од Холандија, Бастијан Болем, претходно изјави дека по анализата на начинот на одење на Путин, може да се констатира дека тој можеби боледува од Паркинсонова болест.Нивните изјави, посетите на странски земји, реакции на најразлични настани во светот, аналитичарите редовно ги анализираат и проучуваат.
Та



