ТАЈНАТА НА ЌЕБАПЧИЛНИЦИТЕ КОНЕЧНО ПОЗНАТА: ЕВЕ КАКО ДА СЕ ПРИГОТВИ СМЕСА ЗА СОВРШЕНИ ЌЕБАПЧИЊА

Најдобрите ќебапчиња според многумина се сараевските, а нивниот рецепт неодамна беше обелоденет и веќе е достапен на интернет.Дали навистина станува збор за врвниот деликатес од главниот град на Босна и херцеговина, вреди да се проба на првото следно распалување на скарата. Ние во целост ви го пренесуваме овој рецепт.
 Потребни состојки:
 1,5 кг мелено јунешко месо
 0,5 кг мелено јагнешко
 4-5 чешниња лук
 Сол
 2 лажици сода бикарбона
 Постапка:
Месото исечете го на коцки, добро посолете, промешајте и прелијте со 100 мл вода и лукот кој претходно сте го свариле. Смесата треба да се промеша и да се остави преку ноќ во фрижидер.
 Следниот ден сомелете го и оставете го преку ноќ во фрижидер и оставете го уште неколку часа на собна температура, па повторно вратете во фрижидер.
 Пред обликување на ќебапчињата во смесата додадете сода бикарбона, и тоа е се’.
 Тајната на овој рецепт најверојатно е во квалитетот на месото, па доколку сте во можност одбирајте што подобро и поквалитетно месо.Дали навистина станува збор за врвниот деликатес од главниот град на Босна и херцеговина, вреди да се проба на првото следно распалување на скарата

Пронајдете не на следниве мрежи: