Тајната за совршено сварено кафе

Ако сте љубители на вистинско кафе, сигурно веќе знаете некои тајни за подготовка на овој омилен пијалак, но еве неколку интересни информации кои не се на одмет и убаво е да ги знаете.Најголемите непријатели на зрната кафе се влагата и воздухот. Кога еднаш се изложени на овие два фактори, ароматичните масла во кафето брзо се распаѓаат. Кафето подолго време ќе остане свежо доколку купите цели зрна во непроѕирен и добро затворен сад. Доколку купувате повеќе кафе отколку што планирате да потрошите за десет дена, вишокот слободно чувајте го замрзнувач. Најдобар начин да препознаете свежо црно кафе е мирисот – потребна е слатка, земјена арома.
 Во подготовката на кафето нема никакви големи тајни, основната постапка е секогаш иста – прво смеленото кафе прелијте го со врела вода и така ќе ги извлечете ароматичните масла кои даваат добар вкус.

Со цел добро да подготвите кафе, без оглед дали го правите во апарат или обично, вреди да примените неколку универзални правила:
– приборот мора да биде чист
– користете свежа, ладна вода
– користете убаво сомелено кафе или пак гранули и внимавајте на време да го подготвите пијалакот
– подгответе кафе со вода на соодветна температура во согласност со упатствата
– кафето секогаш служете го веднаш по подготовката.
 
Како да подготвите вистинско турско кафе во ѓезве
Иако можете да го подготвите во било кој сад, т.н. турско кафе најдобро е да го подготвите во ѓезве кое оддава на мистерија и романтика.
 Кога ќе го подготвувате, битно е кафето да зоврие барем два, три пати, вели авторката на „Книга за кафе“, Сара Пери, која додава дека во ѓезвето најдобро е да се стават две лажици мелено кафе и една лажица шеќер, а потоа тоа да го прелиете со 120 ml вода. Важно е во тој момент ѓезвето да не биде повеќе од пола полно, бидејќи кафето може да ви претече. Кога ќе ја додадете водата, промешајте неколку пати со цел шеќерот да се стопи. Кога водата ќе зоврие кафетo варете го до две минути и потоа тргнете го од оган и оставете да отстои дваесетина секунди. Постапката повторете ја уште еднаш или два пати за да на крај го оставите кафето да отстои една минута пред да го послужите.
 
 Најголемите непријатели на зрната кафе се влагата и воздухот. Кога еднаш се изложени на овие два фактори, ароматичните масла во кафето брзо се расп

Пронајдете не на следниве мрежи: