Москва мудро ги сочува своите шпионски мрежи низ Европа. Руската служба е силно присутна во Република Српска, па без проблем може со разни техннички, но и теренски облици на дејствување да дознае значителен број на чувствителни информации.Некогашниот Советски Сојуз и неговите сателити имале исклучително квалитетни разузнавачки служби, во што може да се увери секој читател на класикот на Џон Ле Каре под називот „Дечко, дама, крал шпион“.
Ако за исходот на ладната војна одлучувало шпионирањето, а не фармерките, Берлинскиот ѕид ни денеска уште не би паднал. Ако се оддалечиме од фикцијата, повторно се доаѓа до истиот заклучок: Бугарите со чадор го убија својот дисидент Георги Марков насред Лондон, а Ким Филби бил агент на КГБ и можеби дури и би станал шеф на британската тајна служба, да не морал да избега во СССР!
Москва мудро ги сочува своите шпионски мрежи ширум Европа, иако дел од агентите го следеа патот на источноевропските колеги кои своите услуги им ги понудија на организираниот криминал и така се обезбедиле за цел живот. Сепак, додека мрежата на Западот се фокусираше на поранешните држави кои го „уживаа“ ограничениот суверенитет на Брежњев, Москва едноставно ги занемари своите поранешни републики. И тогаш (и тоа баш на Владимир Путин), припадникот на КГБ кој станува претседател, во 2004 година му се случи Портокаловата револуција во Украина!
Тоа беше аларм за ФСБ (поранешно КГБ), да започне да се реорганизира за да ги зајакне своите активности од Балтикот, па до Кавказ и Средна Азија. Но, бидејќи шпионите брзо учат, така и во ФСБ сфатија дека најдобрата алатка за дејствување се невладините организации за заштита на нешто, од човекови до правата на малцинствата или фолклорните групи. Путин набргу ќе го онеспособи дејствувањето на сите такви „странски агентури“, бидејќи според законот, таквите здруженија мора да се наоѓаат и во Русија. Затоа тој го воспоставува Русотрудничеството – организација која под лупата на Министерството за надворешни работи се грижи за руското население во поранешните советски републики. Упатствата стигнуваат преку амбасадите во тие земји, а челниците од локалните ограноци редовно патуваат во Москва за да разговараат – добијат упатства.
Ќелиите од тие организации, како што наведува неделникот Тајм, создаваат мрежа која од русофонското население се шири и на други интересни личности, па затоа Литванија повеќе пати забележала некои блиски врски кај некои свои богати бизнисмени со таква организација. Кога на пример, власта би им пристапила, тие луѓе би прекинале било каква комуникација со контактите во Литванија, но потоа би ги зачестиле своите патувања во Русија. Потоа се појавува и Изборски клуб – организација која има задача да шири руски идеи во соседството. Неговите членови на 12 февруари оваа година го објавија меморандумот „Да ја сочуваме Украина“.
Дали ваквите шпионски мрежи дејствуваат на Балканот? Загреб воспостави силни разузнавачки односи со Вашингтон, а со тоа политички и економски остана непријателски настроен кон Москва. Но, Москва не се грижи премногу: доволно е присутна во Република Српска. Сосема е јасно дека ни случувањата на истокот на Украина не се покренати сами по себе.
Се знае дека на страната на привремената влада во Киев се наоѓа западната агентура – не е случајно што Џон Бренан (шефот на ЦИА) пред месец дена го посети Киев. Тогаш станува јасно дека во Украина моментално се води војна, но засега е разузнавачка.
Предноста на Русија е тоа што има луѓе на терен, развиена мрежа и многу искуство. Но, исходот од оваа војна дефинитивно ќе го дефинира расплетот на украинската криза. Каков и да биде, сосема е јасно дека шпионите и понатаму ќе бидат присутни таму и ако остварат уште некој успех тие ќе ги зајакнат своите активности и во другите републики на Советскиот Сојуз.
Некогашниот Советски Сојуз и неговите сателити имале исклучително квалитетни разузнавачки служби, во што може да се увери секој читател на класикот