Причината заради нивната голема таинственост е тоа што мажите сакаат да избегнат кавга и секако, не сакаат на ниту еден начин да ја повредат својата девојка или жена. Колку и да одрекуваат, бидете сигурни дека овие работи мажот ви ги премолчува:1. 38% од мажите тајно ги следат своите секси другарки на Фејсубк
Не можете да им замерите, бидејќи сигурно и вие следите некои свои омилени актери и пејачи, па можеби и поранешни, а тој единствено ги гледа полуголите фотографии од пријателката. На оваа тема најдобро е да размислувате како на еден вид порнографија, која нема да му го зарази компјутерот со вируси.
2. 26% од мажите не уживаат во друштвото на вашата најдобра пријателка
Мора да сфатите дека мажите не сакаат да ги слушаат жените како ги озборуваат пријателките, колешките и сосетките. Ако тој не сака да седи со вас две и да ве слуша како зборувате за накит и шминка, зарем не мислите дека тоа е одлично? Во спротивно вие би биле загрижени кога вашиот партнер ќе обожава шминки, мода, озборувања.
3. 24% од неговите вистински одговори би гласеле: „Изгледаш дебело во тој фустан”
Во животот на секоја жена постојат ситуации кога таа сака да проба или купи нешто што едноставно не и прилега. Но, најдобро е никогаш да не го прашувате вашиот партнер за совет, бидејќи тој секогаш ќе ви каже дека фустанот ви е одличен, а потоа вие ќе имате кого да обвинувате за тој импулсивен шопинг. Совет: За шопинг викнете ја пријателката.
4. 12% од мажите плаќаат многу повеќе отколку што кажуваат
Некои работи немаат цена, како за жените така и за мажите. Можеби вам ви е чудно што платил огромна цена за технологија, но немојте да му наоѓате замерки. Оставете го да ужива во своите скапи играчки, онака како што вие уживате во вашите скапи високи потпетици.1. 38% од мажите тајно ги следат своите секси другарки на Фејсубк
Не можете да им замерите, бидејќи сигурно и