Ако сакате да комуницирате со универзумот,како ќе го постигнете тоа? Како ќе оставите траг на постоењето?Ќе лансирате кодиран сателит со аудио,видео или визуелна порака за некое интелигентно суштество да го декодира? Колку време ќе и треба на вашата порака за да пристигне?Што е со радио-брановите ? Ќе воспоставите пренос со надеж дела интелигентната форма на живот би имала вистински тип на приемник за френквенцијата која ја испративте?
Теренс МекКена еднаш изјави дека за да очекувате радио сигнал од вонземјански извор е веројатно како култура обврзана со претпоставка, како да барате добар италијански ресторан низ галаксијата.
Што ако постои друг начин? Што ако веќе претходно се случило?
Во 1979 год. Карл Саган во еден весник, објави статија за можноста интелигентниот живот да оставил трага во ДНК од влакно на вирус,најден во бактерии во цревата. Потрагата за вонземјани се сврте кон биологијата во тоа време.Статијата во весникот беше со наслов “Is bacteriophage X174 DNA a message from an extraerrestrial intelligence/Дали бактеријата X174 во ДНК е порака од вонземјаните?”,дело на јапонские биохемичари Хиромицу Јоко и Таиро Ошима.
Статијата беше окарактеризирана како револуционерна во тоа време,па затоа морала двојно да биде проверена од научникот и денешен астролог Дејвид Гринспун,за да се осигура дека има научна смисла. Гринспун во неговата книга “Lonely Planets: The Natural Philosophy of Alien Life”,напишал :
“Малку позадина ќе помогне овде…Простите броеви се оние кои не произлегуваат со множење со било кои други непарни броеви: 1,3,5,7,11,13 и така натаму,до колку што сакате.Ниедна позната формула на природен процес не ги создава нив.Ако видите прости броеви,знаете дека умот не заостанува.
Широко прифатената идеја за порака до галаксијата е да се испратат дигитални импулси кои се повторуваат со број кој не е производ на два помножени прости броеви.Ова укажува на тоа дека дводимензионална слика е испратена.На пример,ако се добиле порака која повторува секвенца од 143 импулси,вие или вашата машина ќе каже “Ох,143 е 11 пати по 13 и овие се прости броеви.Ајде да направиме низа од 11 по 13 и да видиме дали тука има кодирано слика”. Оваа техника што користи прости броеви за да создаде декодирани дводимензионални слики е столб на теоријата за истражување на вонземјанска интелигенција.
Сега назад на пораката во вирусот X174. Тоа е првиот организам за кој целиот геном е декодиран.Откриената извонредна карактеристика е причина за присуството на “преклопувачките гени”.
Овие се секвенци на нуклеотиди кои може да се прочитаат во две различни рамки,да се декодираат за два сосема различни протеини. Со други зборови, ДНК секвенцата CAATGGAACAACTCA, може да се прочита како зборови со по 3 букви АЦВ TGG AAC AAC TCA и тоа ќе и помогне на ќелија да започне со градење на протеин,преку поставување на петте аминокиселини утврдени со овие тројки.Сепак, со почетокот на друга буква, истата секвенца може да се прочита како ATG GAA CAA CTC и итн,што ќе создаде сосема различни протеини.
Вториот дел од текстот причитајте го на следниот линк: Тајни пораки испратени со текот на времето и во вселената – II дел Што е со радио-брановите ? Ќе воспоставите пренос со надеж дела интелигентната форма на живот би имала вистински тип на приемник за френквенцијата