Агенцијата „Блумберг“ објави дека поголемиот дел од суверениот долг на Украина, кој го откупи американскиот инвестициски фонд Френклин Темплтон, не го стори тоа за сопствени цели, туку во интерес на семејството Ротшилд.Ова веднаш го покрена прашањето во Киев: „Ако Френклин Темплтон ги купуваше и натрупуваше нашите должнички обврзници кои на Ротшилдови не им се потребни – тогаш, зошто и поради што е купена Украина?“.
Самата вест дека зад американскиот фонд се крие семејството Ротшилд, се појави откако се дознало дека француската филијала на групата „Ротшилд и Си“, покажа подготвеност да биде посредник во преговорите помеѓу Министерството за финансии на Украина и нејзините доверители во обидот за решавање на проблемот со долговите на Киев.
Извршниот директор на компанијата за територијата на поранешен СССР, Џовани Салвети, соопшти дека доверителите од Киев очекуваат предлози до половината на мај.
„Ротшил и Си“ е француски дел од инвестициско-банкарската империја на Ротшилдови, која постои од 1811 година и во моментов брои 50 канцеларии по целиот свет.
Важниот холдинг на Ротшилдови, кој диригира со многуте нивни структури е „Ротшилд Континуејшн Холдингс АГ“ кој е регистриран во градот Цуг, во Швајцарија. Меѓутоа, 72,5% од сопственоста во тој холдинг го контролира холандската компанија „Конкордија БВ“, која самата целосно им припаѓа на британските и француските структури на Ротшилдови.
Ротшилдови ја прошириле својата империја благодарение и на брачните врски. Како пример може да послужи познатата британска банка „Беркли“ која му припаѓа на Маркус Егјус, чија жена е ќерката на Едмонд Ротшилд.Ова веднаш го покрена прашањето во Киев: „Ако Френклин Темплтон ги купуваше и натрупуваше нашите должнички обврзници кои на Ротшилдов